сабота, 6 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: аптека | 12 резултати

Разбојник ограбил аптека во ТЦ „Буњаковец“, со закана дека ќе ја зарази вработената со сида

11 јануари 2016

Синоќа, околу 18.30 часот, непознат сторител извршил разбојништво во аптеката „Виола“, во трговскиот центар „Буњаковец“, од која однел 4.660 денари од дневниот промет и четири кутии таблети „вијагра“. Како што информираат од полицијата, кога влегол во аптеката, разбојникот со шприц ѝ се заканил на вработената дека ако не му ги даде парите, ќе ја зарази […]

Ограбена аптека на „Зегин“ во центарот на Скопје

2 јули 2015

Вчеравечер, околу 20.30 часот, во полиција било пријавено дека во аптека на „Зегин“, во кругот на Зелен пазар во Скопје, било извршено разбојништво од две маскирани лица, информираат од МВР. Според полицијата, разбојниците, заканувајќи се со нож, одзеле 8.000 денари од дневниот промет. Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото и презема мерки за расчистување на […]

Кумановец осомничен дека шверцувал лекови од Косово

28 мај 2015

Кумановската полиција поднела кривична пријава против 41-годишниот А.И. и приватната аптека „Шпенди фарм“, поради сомнеж за недозволена трговија и за шверцување, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, осомничениот А.И. во јули минатата година од Косово набавил поголемо количество лекови, чиј промет е ограничен и кои не биле евидентирани во регистарот на лекови во Македонија, за да ги […]

Ограбена аптека во Тетово

18 април 2015

Вчера, околу 19.40 часот, во аптека „Виталек“ лоцирана на улицата Борис Кидрич во Тетово, непознато маскирано лице извршило разбојништво над вработената, при што ѝ се заканил, ја удрил со рачка од пиштолот во пределот на главата и ѝ ги одзел дневниот промет околу 23.000 денари, еден мобилен телефон и уште 470 денари. Извршен е увид […]

Грабеж во аптека „Зегин“ на Партизанска

5 април 2015

Вчера, во 20.15 часот, во Скопје, на булеварот Партизански одреди, во аптека „Зегин“ биле ограбени две вработени од две непознати маскирани лица, од кои едното било вооружено со пиштол, при што одзеле околу 60.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Ограбена аптека на „Зегин“

27 февруари 2015

Вчера, околу 21 часот, во Скопје на улицата Московска, во аптеката „Зегин“, две непознати маскирани лица, од кои еден вооружен со пиштол, извршиле разбојништво над вработената, при што одзеле околу 20.000 денари од дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Разбојници однеле 30.000 денари од аптека во Чаир

12 февруари 2015

Двајца маскирани и вооружени разбојници вчеравечер ограбиле апетка во скопската населба Чаир, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило околу 19.45 часот, на улицата Џон Кенеди, кога двајцата маскирани влегле во аптека на „Зегин“ и заканувајќи им се со пиштол на двете вработени, однеле околу 30.000 денари. Случајот бил пријавен во полиција, чии […]

Разбојници ограбиле аптека во скопски Чаир

14 јануари 2015

Две маскирани лица вчеравечер извршиле разбојништво во аптеката „Голд мун“ на улицата Лазо Трповски во Скопје, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20.20 часот, кога две маскирани лица влегле во аптеката и, заканувајќи ѝ се на вработената со пиштол, одзеле 18.000 денари. Случајот бил пријавен во полиција, која презема мерки за откривање на разбојниците.

Страна 1 од 1