Вчеравечер, околу 20.30 часот, во полиција било пријавено дека во аптека на „Зегин“, во кругот на Зелен пазар во Скопје, било извршено разбојништво од две маскирани лица, информираат од МВР.
Според полицијата, разбојниците, заканувајќи се со нож, одзеле 8.000 денари од дневниот промет.
Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото и презема мерки за расчистување на случајот.