Налепниците NMK за возилата пристигнаа еден ден пред да станат задолжителни

При подигнување на налепниците потребно е во станицата за технички преглед да се оди со возилото и сообраќајната дозвола. Од страна на референтите во станиците на граѓаните ќе им биде дадена налепница која на возилото ќе ја залепи контролор од станицата за технички преглед, велат од МВР

-

Од утре, 12 февруари, регистарските таблички на возилата мора да имаат налепница NMK. Но, во петокот, од нашата проверка низ неколку станици за технички преглед, тие сè уште не беа пристигнати, а од Министерството за внатрешни работи вчера ни одговорија дека тие се веќе распределени.

Сепак, станиците за технички преглед вчера работеа до 16 часот, а денеска не работат. Ова значи дека практично останува од утре, кога веќе во сила е новата обврска од Преспанскиот договор, граѓаните со своите возила да одат во некоја од станиците за технички преглед, што значи дека можно е да се очекуваат големи гужви.

На прашањата на Мета.мк, од Министерството за внатрешни работи одговорија дека при подигнувањето на налепниците, граѓаните треба да одат со своето возила и со сообраќајната дозвола.

„Ве информираме дека при подигнување на налепниците потребно е во станицата за технички преглед да отидете со вашето возило и сообраќајна дозвола. Од страна на референтите во станиците ќе ви биде дадена налепница која на вашето возило ќе ја залепи контролор од станицата за технички преглед. Налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК“, велат од МВР.

Овој процес ќе се одвива под видео надзор.

На нашето прашање дали на возилата кои утре излегуваат од државата, а немаат налепница, ќе им биде дозволен излез, од МВР не одговараат прецизно.

„Ве информираме дека налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК. Во однос на цената донесена е одлука со која истите се бесплатни за граѓаните, односно се на товар на Министерството за внатрешни работи“, гласеше одговорот на МВР.

Воедно, граѓаните треба да ги заменат и сообраќајните дозволи, нешто на што пред неколку дена потсети министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Да ги потсетам граѓаните дека и сообраќајните дозволи да бидат сменети“, посочи Османи.

Доколку граѓаните не ги променат сообраќајните дозволи или пак возачките, во земјава нема да имаат проблем, но би можеле да имаат проблем доколку сакаат да патуваат со возилото и да ја минуваат границата.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...