Остра дебата меѓу Трамп и Клинтон

-

Втората, претпоследна дебата во пресрет на претседателските избори во САД, меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп се одржа синоќа во Сент Луис. Дебатата почна со провокација и продолжи во тој тон. Многу лични напади, упаѓање во збор, но изостанаа конкретните одговори на разни теми и од двата кандидати.

Како што се очекуваше, дебатата почнала со прашање за тонското парче објавено од петокот, во кое Трамп на грд и примитивен начин зборува за жените.

– Тоа беа приказни какви што мажите раскажуваат во соблекувална. Не сум горд на тоа. Се извинив на моето семејство и на граѓаните на Америка. Но, Бил Клинтон направи нешто многу полошо. Јас изговорив погрешни зборови, а тој направи погрешни дела. Никој во политичката историја на оваа нација така не малтретирал жени – рече републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп.

Клинтон истакна дека, како и сите други и таа во последните 48 часа размислувала за клипот со Трамп.

– Со претходните претседателски кандидати имав несогласувања со нивната политика и принципи, но никогаш не сум се нашла во ситуација да размислувам дали се достојни да бидат претседател и врховен командант – порача кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон.

Трамп не остана должен и го отвори прашањето за скандалот на Хилари Клинтон, повртзан со приватниот сервер и со уништувањето на 33.000 мејлови.

– Мислев дека ова нема да го кажам, но морам и мразам што ќе го кажам: Ако победам, ќе му наложам на својот државен обвинител да именува посебен обвинител да ги погледне сите факти поврзани со Хилари, затоа што никогаш немало толку лаги, толку измами – рече Трамп.

Клинтон на тоа возврати дека сè што кажа Трамп е лага, но оти тоа воопшто не ја зачудува.

– На мојата интернет-страница можете да ги проверите работите кои Доналд го изговара. За време на правата дебата, милиони луѓе ја искористиле таа можност и, да бидам искрена, се надевам дека некој со темперамент како тој на Доналд Трамп нема да има власт кога станува збор за закони на оваа земја – рече Клинтон, на што Трамп додаде: „Затоа што ти би била в затвор“.

Двајцата кандидати остро се судрија и во поглед на ситуацијата во Сирија, здравственото осигурување и енергетската политика. По 90 минути ниски удари и напади, Клинтон и Трамп, сепак, рекоа и по некој убав збор еден за друг.

– Ги почитувам неговите деца. Неговите деца се особено способни и посветени и мислам дека тоа говори многу за Доналд. Не се согласувам со нив за што било, но, како мајка и баба, тоа ми е многу важно – рече Клинтон.

Трамп рече дека изјавата за неговите деца ја смета за комплимент, на што возврати: „Тоа што можам да го кажам за Хилари е дека никогаш не се откажува и е голем борец. Тоа навистина го почитувам“.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...