Владата бара продолжување на кризната состојба до јуни 2017 година

-

Комисијата за одбрана и за безбедност и Законодавно-правната комисија во Собранието на Република Македонија денеска ќе го разгледуваат предлогот за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница поради мигрантската криза. Ако предлогот биде усвоен, наместо до 31 декември оваа година, кризната состојба ќе трае до 30 јуни 2017 година.

Продолжувањето на кризната состојба е на барање на Владата, која на седницата на 5 октомври го усвоила записникот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Ваквото барање на Владата, стои во предлогот за изменување на одлуката за продолжување на рокот на кризната состојба, е за да се обезбеди „конинуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија (АРМ) и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи (МВР), во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница, како и врз основа на извештајот за направена процена и сеопфатна анализа“.

Кризната состојба поради мигрантската криза беше воведена кон крајот на август минатата година, кога десетици илјади мигранти од подрачјата зафатени со војни на Блискиот Исток и во Северна Африка транзитираа низ територијата на земјава на пат кон западноевропските земји. Собранието на барање на Владата неколкупати го продолжуваше траењето на кризната состојба, а последен пат ваква одлука беше досена на 18 март годинава. Со таа одлука, вонредната состојба на јужната и на северната граница беше предвидено да трае до 31 декември 2016 година.

Гласањето ќе се одржи на пленарна седница в четврток.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...