fbpx

Општините Новаци и Алмопија ќе го развиваат туризмот со пари од ЕУ

-

Завршната конференција на проектот „Жива историја – живо наследство“ ќе биде организирана во општинската сала на Општина Новаци, утре во 12 часот.

Проектот, кој чини 293.036 евра, е финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.

Целта на овој проект е да се зајакне соработката помеѓу општината Новаци и грчката општина Алмопија, за да се промовираат и да се заштитат природното и културното наследство на оваа прекуграничната област.

За таа цел беше формирано стратешко партнерство меѓу двете општини.

Како резултат на проектот, беа направени три туристички патеки за велосипедизам, планинарење и за крстосување со теренски возила. Исто така била направена и мобилна апликација за убавините на Мариово и на Новаци, за да се олесни туризмот во оваа област.

На настанот ќе се обратат Јаромир Левичек од Делегацијата на Европската Унија, градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, и градоначалникот на општина Алмопија, Димитрос Бинос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца осомничени за подметнување два пожари, уште еден предизвикувач на пожар е во притвор

Две лица се осомничени за подметнување на два пожари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и додаде дека се преземени чекори за откривање на вистината и за понатамошно...