сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Новаци | 20 резултати

Почна поставувањето на цевките на топловодот од РЕК Битола, ќе се обезбеди парно за Битола, Новаци и Могила

април 29, 2022

Започна поставувањето на цевките од топловодот од РЕК Битола до Битола. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека со засилен интензитет се подготвува трасата низ која ќе поминува топловодот, кој ќе обезбеди парно греење за трите општини во близина на РЕК Битола – Битола, Новаци и Могила. „Првите цевки се поставени на излезот од […]

Прва „белодробна“ трка на Балканот зa проблемот со загаденоста на воздухот од електраните на јаглен

октомври 27, 2020

Шеесетина тркачи од 13 земји и три континенти трчаа на првата виртуелна „белодробна трка“, прв настан од ваков вид, каде што тркачите го мерea загадувањето на воздухот од електраните на јаглен на Балканот и пошироко. Од Центарот за истражување и информирање на животната средина „Еко свест“, соопштија дека дел од учесниците во „The Lung Run“ […]

Општините Новаци и Алмопија ќе го развиваат туризмот со пари од ЕУ

март 14, 2017

Завршната конференција на проектот „Жива историја – живо наследство“ ќе биде организирана во општинската сала на Општина Новаци, утре во 12 часот. Проектот, кој чини 293.036 евра, е финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Целта на овој проект е да се зајакне соработката помеѓу општината Новаци […]

Градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на Владимир Талески

јуни 18, 2016

Градоначалниците на Охрид, Прилеп, Босилево, Кривогаштани, Ресен и на Новаци денеска застанаа во одбрана на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е осомничен во случајот „Транспортер“ за малверзации со превозот на ученици во Битола. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, тврди дека Талески е чесен и искрен градоначалник и, пред сè, многу добар човек, кој не би […]

Кривична пријава за градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски

март 3, 2016

Градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски, денеска заработи кривична пријава од битолската полиција за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој е осомничен дека спротивно на Законот за јавни набавки, набавувал гориво за службените возила. – Пријавениот, во својство на службено лице, во периодот од 2011 до 2014 година, искористувајќи ги службената положба и овластување, постапил […]

Повеќе од 20 куќи во општина Новаци ќе се обесштетуваат од поплавите

февруари 26, 2015

Жителите на пелагониската општина Новаци поднеле дури 300 пријави за обесштетување на нивните земјоделски имоти. Од поплавите досега биле уништени 20 објекти, а една куќа е целосно под вода. Ова се бројките што ги сумирале комисиите за процена на штети во општина Новаци по последните поплави во овој регион. „Барањата се веќе поднесени, комисиите треба да излезат […]

Стотици жители на Новаци бараат обештетување од поплавите

февруари 11, 2015

Само за еден ден, во Општина Новаци се поднесени 230 пријави за обештетување од поплавите. Од Општината велат дека жителите на повеќе села во битолскиот дел на Мариово, каде Црна Река и каналите направија најмногу штети, веќе пополнуваат изјави за да им се надомести штетата по нивните ниви, имоти, куќи и штали. – За многу […]

Во Пелагонија сè уште е рано за санирање на штетите

февруари 9, 2015

Регионалниот пат Битола – Новаци е прооден за сообраќај по санирањето на откорнатиот пат. Од синоќа е поставен тампон и бетон, а водата на Црна истекува преку голема цевка под преминот. Сепак, водата во поплавената Пелагонија никако да се повлече од нивите и од дворовите. Засега се одложува санацијата на оштетените патишта и мостови, како […]

Груевски во посета на настраданите во Новаци

февруари 7, 2015

Премиерот Никола Груевски ги посети поплавените подрачја во општина Новаци и оствари средби со граѓаните. Во текот на денешниот ден, премиерот ќе ги посети и поплавените места во Могила. Груевски одржа состанок со локалниот кризен штаб во Општина Новаци, на кој присуствуваа градоначалниците на општина Битола, Владимир Талески, на општина Новаци, Лазар Котевски, и на […]

Небото пак се отвори, Армијата дојде на помош во Пелагонија

февруари 6, 2015

Пороен дожд од утрово врне во битолско-пелагонискиот регион. Новите врнежи се уште поголема опасност за поплавената општина Новаци. Надлежните преку цела ноќ ги зајакнуваа насипите за Црна Река да не го поплави целото село Новаци. На помош во Пелагонија пристигаа војници на АРМ и пожарникари од Скопје, на терен е Кризниот штаб, а мештаните веќе поставуваа […]

Вработени од РЕК, преку монтажен мост, пеш заминаа на работа

февруари 5, 2015

Невообичано беше патувањето денеска на вработените од првата смена во РЕК Битола откако е пресечан патот кој од градот води до комбинатот. Едни автобуси на РЕК Битола ги однесоа работниците до монтажниот мост, а други, пак, ги пречкаа од другата страна за да ги транспортираат до работните места. Под вода е целото поле околу комбинатот, […]

Го пресекоа патот кој води до РЕК Битола

февруари 4, 2015

Штетите од поплавите по пелагониското поле станаа минорни откако Црна Река почна да ги поплавува и заробува во своите домови и жителите на селото Новаци. За да нема човечки жртви, властите во општина Новаци како единствен излез од оваа тешка состојба решија да го пресечат патот кој од Битола води кон селото Новаци и кон […]

Црна ги поплави иконостасот и фреските на манастирот „Пресвета Богородица“ во Новаци

февруари 4, 2015

Манастирската црква и конаците на „Пресвета Богородица“ во Новаци се метар и половина под вода. Опасноста е уште поголема ако се сруши насипот на Црна, тогаш водите сериозно ќе му наштетат на овој верски објект – предупредуваат од манастирот. Отец Душко Груевски вели дека од синоќа иконостасот и фреските се под вода и направена е […]

За да се спречи поплавување на Новаци, ќе се руши регионалниот пат кој води до РЕК

февруари 4, 2015

Со дозвола на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, намерно ќе се сече регионалниот пат кој води до РЕК Битола за да се направи пропуст на водата што се заканува да го поплави цело село Новаци. – Добивме дозвола од министерот Миле Јанакиевски да го пресечеме патот за да направиме вештачки испуст на водата, која е […]

Црна се заканува да го сруши мостот пред РЕК Битола

февруари 4, 2015

Опасна станува ситуацијата во општина Новаци откако водите на Црна Река поплавија два помали моста пред РЕК Битола. Патот е отсечен, а постои опасност да биде однесен од силните води, предупредуваат од Општина Новаци. Во селото Новаци веќе се евакуирани неколку семејства кои живеат на почетокот од селото и се сместени во простории на Општината. […]

Страна 1 од 1