fbpx

„Охридско лето“ номинирано за престижната награда „Принцезата на Астурија “

-

Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, денеска на прес-конференција во Охрид, објави дека Амбасадата на Шпанија го номинирала фестивалот „Охридско лето“ за престижната награда „Принцезата на Астурија“ (Princess of Asturias Awards).

На средбата со новинарите, беше презентирана годинешната програма на 56. издание на фестивалот „Охридско лето“, за што говореа селекторите на музичката, односно драмската програма – Гордана Јосифова-Неделковска и Ѓорѓи Јолевски.

Присуствуваа и директорот на „Охридско лето“, Оливер Арсовски, и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

На 12 јули фестивалот ќе биде отворен со настап на познатата оперска пејачка, мецосопранот Елина Гаранча од Латвија, која ќе настапи со симфонискиот оркестар на Македонската опера и балет, под диригентска палка на Ион Марин.

Во музичкиот дел од програмата, мегу другите, ќе настапат виолинистите Максим Венгеров со камерен оркестар и Вадим Репи, кој ќе го затвори музичкиот дел од фестивалот.
Целовечерен настап ќе има и охридскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски со своето трио.

Како посебна атракција беше најавен настапот на џез-музичарот Артуро Сандовал, кој има освоено 10 награди „Греми“ и една „Еми“.

Селектрот на драмската програма, артистот Ѓорѓи Јолевски, истакна дека театарскиот дел од фестивалот, оваа година ќе биде посветен на 400-годишнината од смртта на Вилијам Шекспир.

На годинешната програма „Славејќи го Шекспир ја славиме слободата“, публиката ќе ги види неговите дела, „Магбет“, „Сонети“, „Комедија на грешки“ и „Ноќ спроти Водици“.

– Оваа година ќе го видиме најновото дело на Александар Баргман од Русија. За затворањето ќе го имаме проектот на нашиот композитор Горан Трајковски, кој својата театарска музика ќе ја преточи во концерт на театарска музика – објасни драмскиот селектор на фестивалот, Ѓорги Јолевски.

Јолески најави гостувања на театри и на режисери од Македонија, Туција, Романија, Словенија и од Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...