fbpx

Бегалците мирно си заминуваат од бензинската станица кај Поликастро

-

Полициската акција за преместување на бегалците од бензинската станица кај Поликастро се одвива без проблеми. Засега од импровизираниот бегалски камп заминаа околу 600 бегалци од Сирија и од Ирак со 14 автобуси. Бегалците одат во новиот бегалски центар во селото Василика, на периферијата на Солун.

Поради акцијата сè уште е затворен дел од автопатот кај Поликастро, а возилата се пренасочуваат по стариот автопат кај Кукуш.

Акцијата ќе продолжи до крајот на денот, а за утре е планирана преселба на околу 2.000 бегалци од бензинска станица кај Идомени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...