Груевски: Лидерска средба – само со тема и со план

-

Би присуствувал на лидерска средба, но претходно мора да ја знам темата и планот за средбата, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоција на нови наслови на книги во читалната „1000 Книги“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Тој повтори дека во неговата партија не се против одржување на лидерски средби и дека досега присуствувале на многу такви средби, од кои дел и сами ги иницирале.

– Досега никој не нè контактирал за одржување на лидерска средба. Ние, секако, би прифатиле, но добро е да има претходни договори и подготовки околу темата на средбата затоа што за граѓаните не е добро да се одржуваат лидерски средби, без претходно добро подготвен план и тема, не е добро ни за нас, затоа што секогаш нè обвинуваат ако пропадне средбата – рече Груевски.

Тој додаде дека во моментов нема ниту иницијатива, ниту тема за одржување лидерска средба.

Стрип изложба во Скопје под името „Да ѝ дадеме шанса на инклузијата“

Стрип центарот на Македонија од Велес го завршува имплементирањето на циклус од пет изложби, како дел од грантот „Сè што кажуваме е да и дадеме шанса на инклузијата“. Овој...