fbpx

Нови 498 случаи на ковид-19, оздравени 606, а починати 17 пациенти

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.467 тестирања, а регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-246, Куманово-30, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-34, Тетово-19, Струга-15, Велес-5, Битола-10, Охрид-21, Кавадарци-14, Гостивар-19, Гевгелија-12, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-7, Неготино-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 606 оздравени пациенти од: Скопје-194, Дебар-6, Штип-22, Прилеп-61,  Тетово-36, Струга-20, Велес-22, Битола-39, Охрид-45, Кавадарци-24, Гостивар-27, Гевгелија-16, Струмица-23, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-5 и Неготино-11.

Починати се 17 лица, шест пациенти од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67г), двајца од Куманово (62 и 58г), еден од Прилеп (78г), еден од Тетово (59г), еден од Струга (81г), тројца пациенти од Велес (75, 77 и 81г), еден од Охрид (69г), еден од Крушево (54г) и еден пациент од Неготино (60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82.301, бројката на оздравени пациенти е 60.256, на починати е 2.473, а бројот на активни случаи изнесува 19.572.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...