fbpx

Николовски: Нови злоупотреби во Министерството за земјоделство

-

Денеска, пред јавноста и пред граѓаните, објавувам нови докази и факти зошто министерот Михаил Цветков веднаш треба да си поднесе оставка, изјави Љупчо Николовски, дополнителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Ова е класичен фалсификат договор за закуп на земја во село Брод, општина Новаци. Еве го договорот за краткорочен закуп на 35 хектари, земја која прво ја добива таткото на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на Советот на општина Новаци, Димитрие Мицевски, а потоа со фалсификат, буквално со бришење, и тоа со коректор, на неговото име е напишано името на синот, Пеце. Но, ова не е најголемото прекршување на законот. Самовилието на луѓето блиски на Никола Груевски нема крај. Еве го записникот за воведување во владение на овие 35 хектари земја, се потпишува 10 месеци пред и воопшто да има договор за закуп на земјата. А како претседател на поткомисијата, записникот го потпишува повторно раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола, познатиот Илија Србиновски. Како може да се стави во владение нешто за што нема договор?! Како може да се дозволи, а потоа и да се толерира вакво класично фалсификување на договор за закуп на земја во сопственост на државата, кој подоцна е потврден од страна на министерството, што се гледа од еден друг документ“, вели Николовски.

Тој додава дека фалсификатот на договорот се направил пред истекот на краткорочниот закуп, па на барање на Илија Србиновски се бара премолчено продолжување на договорот, а има и официјален документ на министерството со кој се легализира самиот договор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...