среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: земјиште | 30 резултати

Кирија за стан во центарот на Скопје, колку за три стана во Струга

декември 7, 2018

Огромни разлики во висината на месечните закупнини на станови има во Скопје и во Македонија воопшто, кои во зависност од општината во просек варираат од 87 денари до 306 денари за еден станбен квадрат, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот јули-септември, годинава. Пресметката покажува дека […]

Владата најавува интензивна изградба на автопатот Кичево – Охрид

септември 6, 2018

Владата денеска усвои предлог-закон за нов анекс на Договорот за изградбата на автопатот Кичево – Охрид во должина од 57 километри со кинески „Синохидро“. На овој начин се овозможува ослободување на 205 милиони евра од претходно обезбедените финансии за проектот, со што ќе се интензивираат градежните активности на терен и ќе се овозможи исплата на […]

Економски теми и предлог-завршната сметка на ланскиот буџет на седницата на Влада

јуни 19, 2018

На денешната 75. владина седница која ќе почне во 12 часот, меѓу другото, е предлог – завршната сметка на буџетот за 2017 година, со конечен извештај на овластен државен ревизор. Министрите на седницата ќе го разгледуваат ценовникот за висината на цената на сирова вода наменета за водоснабдување на населението од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица кон […]

Продолжен рокот за приватизација на државно земјиште до 2021 година

јуни 5, 2018

Граѓаните повторно ќе можат да поднесуваат барања за приватизација на земјиште во државна сопственост, информираат од Министерството за финансии. Од таму соопштуваат дека се подготвени измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои се пролонгира рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето. „Со измените се даваат […]

Поројните дождови причинија материјална штета во Полошкиот регион

февруари 4, 2018

Поројните дождови во Полошкиот регион поплавиле подруми од куќи и згради и предизвикале уривање на потпорен ѕид врз покрив од куќа, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. „Околу 20 часот на улицата Прохор Пчински, како последица на дождот се лизнал и урнал потпорен ограден ѕид со висина од пет до шест метри и должина од […]

Митревски осомничен за продажба на општинско земјиште за едно евро за квадратен метар

ноември 1, 2017

Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека води постапка против повеќе лица осомничени за незаконско приватизирање на земјиште кое е сопственост на една општина. Во соопштението на Обвинителството не е наведен идентитетот на осомничените лица ниту, пак, името на општината, но извесно е дека станува збор за поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, како […]

Најмалку 112 лица загинаа, а 200 се исчезнати при лизгање на земјиште во Колумбија

април 1, 2017

Најмaлку 112 лица загинаа, а околу 200 се водат како исчезнати при лизгање на земјиште во градот Мокоа во југозападниот дел на Колумбија. Колумбиските власти известија дека свлечиштето било предизвикано од излевањето на водите од реката Мокоа и од три нејзини притоки, до што дошло по повеќечасовни обилни врнежи од дожд. При свлечиштето се затрупани десетици […]

Во Штип протести за спас на парк

август 1, 2016

Протести во Штип, што ќе се одржуваат секој среда, во 20 часот, најавува граѓанската иницијатива „За спас на паркот 8 Ноември“. Преку протестот оваа иницијатива ќе се обиде да ја спречи урбанизацијата на градскиот парк. Инвеститорот на објектот, кој купи дел од најголемиот рамен парк во Штип, веќе почна да ги копа темелите на деловниот […]

Земјоделците од Петровец го блокираа патот поради незадоволство од владините политики

мај 13, 2016

Земјоделците од населба Петровец еден час го блокираа сообраќајот бидејќи се незадоволни од политиката на власта за земјоделците и од доделувањето на земјиштето, јавува „Алсат-М“. Како што велат, имаат проблеми бидејќи земјоделското земјиште не се доделува на вистинските земјоделци. – Земјиштето го земаат само две фамилии, а немаат ни стока, ни ништо. Се дава под […]

Во одрон на земјиште во Кина загинаа 31 лице

мај 9, 2016

Бројот на жртвите во одронот кој затрупа работници на градилиште во кинеската провинција Фуџен се зголеми на 31 лице, додека седум луѓе се водат како исчезнати. До несреќата дошло во неделата, околу 5 часот наутро по локално време, на градилиштето во округот Таининг на југоистокот на Кина, кога 100.000 кубни метри камења и кал ги затрупаа […]

Не запира ерозијата на земјата покрај кејот не реката Пена

мај 2, 2016

Ерозијата на земјата кон излетничкото место Бањиче долж реката Пена постојано се шири. Големите наноси од земја се паднати во Пена, чиј кеј е уништен од секојдневното лизгање на земјата. Дел од тротоарот и потпорните ѕидови се одронати. Жителите кои поминуваат покрај кејот, велат дека патниот правец покрај кејот е еден од најризичните во Тетовско. […]

Николовски: Нови злоупотреби во Министерството за земјоделство

декември 23, 2015

Денеска, пред јавноста и пред граѓаните, објавувам нови докази и факти зошто министерот Михаил Цветков веднаш треба да си поднесе оставка, изјави Љупчо Николовски, дополнителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Ова е класичен фалсификат договор за закуп на земја во село Брод, општина Новаци. Еве го договорот за краткорочен закуп на 35 хектари, земја […]

Во Бразил спасени повеќе од 500 луѓе при пукање на брана

ноември 7, 2015

Пожарникарските екипи успеале да спасат 500 преживеани луѓе по пукање на брана на југоистокот на Бразил, каде загинаа 17 лица. Пожарникарите деноноќно беа во потрага по преживеаните кои биле затрупани под кал и земја, откако во четвртокот пукнала браната. Одронот на земјата што се случил по пукањето на браната го затрупал селото Бенто Родригес со […]

Бројот на загинатите во Гватемала достигна 237

октомври 9, 2015

Најмалку 237 лица загинаа во близина на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити, при одрон на земјиште што се случи минатата недела. Во местото Санта Катарина Пинула, на југоисточнот дел на Гватемала Сити, дожд предизвика лизгање на земјиштето, по што огромна маса земја, камења и дрва се сруши врз станбена населба во која беа уништени 125 куќи. […]

Во Гватемела бројот на мртви при одронот на земјиште се искачи на 86

октомври 4, 2015

Најмалку 86 лица го загубија животот при одрон на земјиште врз повеќе куќи во близина на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити. Се проценува дека околу 350 луѓе сè уште се водат како исчезнати и се стравува дека бројот на жртвите во несреќата може да биде многу поголем, со што оваа несреќа би била најтрагична […]

Во одрон во Гватемала загинаа 30 луѓе, а затрупани се повеќе од 100 лица

октомври 3, 2015

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 600 се водат како исчезнати кога рид висок околу 100 метри се срушил во село во предградието на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити. Членовите на семејствата пријавиле околу 100 исчезнати, но се стравува дека исчезнале и до 600 лица затоа што лавината од кал и од камења […]

Прентовиќ: Државни земјоделски површини се кројат и се делат партиски

септември 14, 2015

Опозицискиот СДСМ ја обвинува власта дека распределбата на државното земјиште ја злоупотребува за партиски цели. Претседателката на комисија за земјоделство на партијата, Татјана Прентовиќ, посочува дека огласите ги распишува Министерството за земјоделство, но понудите не се доставуваат таму. „Понудите од последните четири огласи за распределба на државно земјоделско земјште се доставуваат до Генералниот секретаријат на Владата. Станува збор за […]

Ставрески: Повеќе од 2.500 фирми го откупиле земјиштето

септември 11, 2015

Повеќе од 2.500 фирми ја искористиле можноста за откуп на земјиштето. Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, при посетата на општина Василево. Според Ставрески, откупот на земјиштето е многу значен за фирмите бидејќи ќе можат да го користат и како хипотека за да добијат финансиска поддршка од банките. Проектот почна да се реализира во […]

Со лажен документ пријавил земјиште во катастар

јули 5, 2015

МВЕ до Обвинителството поднесе кривична пријава против лицето В.Л. (55) од Скопје поради постоење основан сомнеж дека фалсификувал исправа. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист од продажба на недвижен имот, набавил лажна службена исправа – […]

Државата ќе им даде земјиште на користење на социјално загрозени лица

мај 26, 2015

На јавен повик за давање земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на социјално необезбедени лица, државата ќе понуди вкупно 133 хектари земјиште во 11 региони. Земјоделското земјиште се издава на петгодишно користење. Секој понудувач – корисник на правото на социјална помош (инвалидни лица, самохрани родители и лица згрижители или старатели на дете без родители и родителска […]

Страна 1 од 2