fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Спасовски е на сликите заедно со криминалците што работеле во „Фабриката за афери“

-

СДСМ се фатени во криминал до гуша, од ракав ја вадат истата стратегија: бегање од одговорност и нови лаги и манипулации за прикривање на аферите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Наместо да одговори на крајно сериозните обвинувања за случајот „Фабрика за афери“, стои во соопштението на партијата, Спасовски денеска одлучи да настапи како портпарол на Катица Јанева, потврдувајќи ги сите сомнежи што медиумите деновиве ги објавуваа за поврзаност и за координираност меѓу Специјалното јавно обвинителство и СДСМ.

„Спасовски ѝ должи на јавноста одговори на многу прашања. Зошто Оливер Спасовски е на сликите заедно со криминалците што работеле во „Фабриката за афери“ на СДСМ? За што разговарал Спасовски со Захир Бекири-Чауш и со Аднан Сума, првоосомничен и третоосомничени во „Фабрика за афери“ на СДСМ? Дали како генерален секретар, Спасовски договорил сопругата на Чауш да биде вработена во партиската фирма „Паркинзи на општина Центар“ од страна на претседателот на општинската организација на СДСМ, Саша Богдановиќ? Зошто Спасовски бараше истрагата да не се одвива брзо и дали вечерта при приведувањето контактирал со осомничените? Зошто Спасовски барал увид во доказниот материјал?“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

И денешната нервозна и конфузна прес-конференција на Оливер Спасовски, според ВМРО-ДПМНЕ, била алиби-изјава во стилот „злосторникот на местото на злосторот“.

„Постојат сериозни индиции дека СДСМ учествувале во фабрикување на афери исто како што постојат сериозни информации, основи за сомневање дека нелегално прибавените телефонски разговори од граѓаните ги дале на криминалци со тапија. Ако навистина Оливер Спасовски сака да биде искрен со јавноста, мора да почне да дава одговори, меѓу другите и тоа дали разговарале со Зоран Заев во моментите кога се апселе криминалците и што било темата на разговор? Јавноста бара одговори. Јавноста бара одговорност. Тоа е она што Оливер Спасовски најмалку може да го направи“, стои во партиската реакција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...