fbpx

Груевски: Со случајот „Фабрика за афери“, опозицијата го проби дното

-

„Додека ние мислиме на отворање нови работни места, на куќи за младите, на градење фабрики, патишта, нови болници, факултети, додека мислиме како да реализираме проекти од интерес за народот, некој мислел на фалсификати, деструкција, сценарија, местенки, лажни конструкции и на гнасни потези. Тоа не е политика. Ова веќе не е политика. Нашиот народ не го заслужил ова. Некој се обидува да ја киднапира државата и ја држи во заложништво и нашето трпение се ближи кон крајот“, вели премиерот Никола Груевски во писмената изјава за случајот „Фабрика за афери“.

– Ако до пред некој ден мислевме дека опозицијата го допрела дното, сега дефинитивно го пробија и дното. Ова мора да се истражи докрај и сите виновници да одговараат пред законот. Мора да се истражат сите поврзаности на овој случај со други големи случаи. Мора да се истражат безбедносните аспекти на овој случај со други случаи. Мора да се истражи и да се објави како конструирани снимки и фалсификати произведени во „Фабриката за афери“ завршувале во соседни земји. Кој тоа правел трговија со овие работи? Тоа не само што има и други квалификации туку е и класично антидржавно однесување против Република Македонија и нејзините граѓани. И ова не може да се оправда со невешти изјави и со интервјуа на лица од опозицијата кои служат само за прикажување лажна самодоверба – пишува во изјавата на Груевски.

Според него, ова е срамно и бедно и најголемите поддржувачи на опозицијата од новинарската бранша немале како да ги оправдаат политичарите од опозицијата. Како што пишува во изјавата на премиерот, ова има две цели: прво, продолжување на агонијата и на деструкцијата што опозицијата ги стимулира и, второ, одложување на изборите.

– Тие од избори се плашат многу. Ние направивме сè што се побара од нас, бевме дури и критикувани дека премногу попуштаме и имаше куп теории на заговор околу тоа. Македонија е заложник на лудилото на неколку луѓе од опозицијата кои задушени во сопствената криминогеност и под притисок на сопствениот неуспех, прават постапки кои се очајни – наведено е во соопштението на премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...