четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: скандал | 34 резултати

Не е точно дека три лица по кои се трагало за случајот „Онкологија“ избегале во странство

2 февруари 2024

Предметот за Клиниката за онкологија премина од предистрага во истрага, а осомничени се пет лица. Но, според обвинителката која го води предметот Ана Гоговска Јакимовска, нема лица по коишто ОЈО трага, а кои се недостапни, односно нема лица што избегале во странство. Постојат други изолирани случаи поврзани со Клиниката за онкологија каде на некои поранешни […]

Нино Васев беше ослободен од вина за случај од 2021 година, а не за скандалот со лекови на Онкологија

26 декември 2023

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, доби ослободителна пресуда во врска со друг случај кој се водеше против него од 2021 година, а по тужба на роднини на починат пациент кои го обвинија за несовесно работење. Оваа пресуда нема никаква врска со скандалот со терапијата на Онкологија што го отворија медиумите, за кој […]

Меџити во посета на Клиниката за онкологија: Терапијата е соодветна и нема злоупотреби

6 септември 2023

Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово присуствувал на стручниот онколошки колегиум на Клиниката за радиотерапија и онкологија, кој се одржува еднаш неделно, односно секоја среда во месецот, информираат од Министерството за здравство. Министерот Меџити со лекарите разговарал за воспоставениот систем на работа на оваа клиника од скопскиот Клинички центар, начинот на контрола на терапијата, соодветна […]

Андреа два пати се извини за инцидентот со знамето, МРТ ќе одлучува дали да ја повлече

9 мај 2022

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска, која вчера го фрли државното знаме, два пати се извини на јавноста откако нејзината постапка предизвика бурни рекации на социјалните мрежи. 🇲🇰 UPDATE: An apology video by Andrea has already been spread by MRT this evening, where she says that “reporters asked to take a pic without the flag” […]

Австрискиот канцелар Курц поднесе оставка поради вмешаност во корупциски скандал

10 октомври 2021

Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка, откако беше вмешан во корупциски скандал, а неговото место ќе го презеде министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг. На прес-конференцијата синоќа, најави дека „неговата оставка е привремена и дека планира да се врати на функцијата кога обвинувањата на обвинителството ќе се покажат како неосновани.“ „Се повлекувам за да спречам […]

Сојузот на извидници го осудува непрофесионалното известување на медиумите, суспендиран Прв скопски извиднички одред

2 октомври 2021

Сојузот на извидници соопшти дека поради огромниот број на медиумски наслови и „стории“ кои, како што велат, содржат очигледни намери за генерализирање на настанот „Секс извидници и рокенрол“ и дискредитирање на извидничката организација, принудени се да реагираат со цел да ги ублажат непроценливите штетни последици по извидништвото, како резултат на безмилосниот натпревар помеѓу медиумите за […]

Обвинител побарал МВР да почне истрага за скандалот со извидничкиот настан „Секс скаутс енд рокенрол“

30 септември 2021

Дежурен јавен обвинител вчера дејствувал по обелоденувањето на случајот со настанот „Секс скаутс енд рокенрол“ организиран од првиот скопски извиднички одред, на кој имало соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата. Како што извести Јавното обвинителство (ЈО), дежурниот обвинител издал насоки до МВР кои дејствија да се преземат за да се утврди […]

Сегашниот технички премиер Јанев и уште 31 политичар во Бугарија биле прислушувани

21 мај 2021

Скандалот со прислушувањето на опозициски политичари во текот на предизборната кампања во Бугарија постојано ескалира – денеска Бојко Рашков, министерот за внатрешни работи во техничката влада за телевизијата „Нова“ изјави дека меѓу прислушуваните бил и техничкиот премиер Стефан Јанев, јави „Медиапул“. Вчеравечер Рашков ги потврди сомнежите за следење, и објасни дека специјалните разузнавачки средства – […]

Нема никаков скандал со ваучерите за туризам, бидејќи сè уште не се доделени

8 јуни 2020

Текстот „СКАНДАЛ: 2/3 од добитниците на ваучер од владата се Албанци, 16 % Македонци, Роми 11 %…?“ е со сензационалистички наслов во кој се најавува некаков наводен скандал со поделбата на ваучерите за домашен туризам, пишува „КриТинк“. Изнесените проценти на граѓани кои се наводни добитници на ваучери се шпекулација, бидејќи тие сè уште не се […]

Нобеловата награда за книжевност годинава нема да биде доделена

4 мај 2018

Шведската академија годинава нема да ја додели Нобеловата награда за книжевност, соопштија од Нобеловата фондација. Работата на Шведската академија е во криза поради начинот на кој го решила случајот против сопругот на една од членките, која во меѓувреме дала отказ, по што истото го направиле и првиот човек на Академијата и уште четири членови. Жан-Клод Арно, сопругот […]

Скандалозната „Кембриџ аналитика“ прогласи банкрот

3 мај 2018

Британската интернет-аналитичка компанија „Кембриџ аналитика“, којашто се најде во центарот на скандалот поради злоупотребата на личните податоци на над 80 милиони корисници на „Фејсбук“ во политички кампањи, соопшти дека прогласува банкрот. „Кембриџ аналитика“ има седиште во Велика Британија, а синоќа челниците на компанијата им соопштиле на вработените да ги вратат своите картички и компјутерите, затоа […]

На Балканот завршило белгиско месо старо 12 години

15 март 2018

Месарска компанија од Белгија ја загуби дозволата за работа, откако властите открија дека се фалсификувале податоците за рокот на траење на месо и месни производи, а во нив се ставале делови од животински тела кои воопшто не се дозволени за човечка консумација. Месото се извезувало и во Југоисточна Европа. „Мета“ испрати прашања до македонската Агенција […]

И ние и Србија повлековме по еден дипломат и ја решивме кризата во односите, рече Заев

21 ноември 2017

Дипломатската криза меѓу Македонија и Србија ја решивме на пријателски начин: Србија го врати својот човек, ние го вративме нашиот човек, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека не само што Србија го повлекла разузнавачот Горан Живаљевиќ од амбасадата, туку и Македонија повлекла свој […]

ВМРО-ДПМНЕ: Вучиќ не ја кажува вистината, проверивме

23 август 2017

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение за јавноста ги демантира тврдењата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека некоја македонска институција му дала согласност на српскиот дипломатски претставник Горан Живаљевиќ да влезе во парламентот на Република Македонија за време на инцидентот. „ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека сега е во опозиција, во текот на денешниот ден во рамките на своите можности […]

Иницијатива за бесплатно сместување за обожавателите што ќе дојдат за Суперкупот

25 јули 2017

Поради огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје и кај некои станоиздавачи поради претстојниот Суперкуп на УЕФА, неколку млади луѓе почнаа акција да го обелат образот на Скопје пред фудбалските обожаватели. Со нивниот проект „Суперкуп Скопје“ SuperCupSkopje, членовите на заедницата WeTalkIT ги поврзуваат фудбалските обожаватели на кои им треба сместување со луѓе од Македонија кои имаат […]

ЛП: Иванов со скандалот со Хан се покажа како крајно неспособен за функцијата што ја врши

22 март 2017

Либералната партија го осудува скандалот што го направи Ѓорге Иванов, поврзан со посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и на тројцата европратенции, со што, како што велат од партијата, се покажал како крајно неспособен за функцијата што ја врши и за тоа треба да поднесе одговорност. Претседателот Иванов вчера ја откажа средбата со еврокомесарот за проширување […]

Францускиот министер за внатрешни работи си поднесе оставка

21 март 2017

Францускиот министер за внатрешни работи, Бруно ле Ру, си поднесе оставка поради скандалот со привремените вработувања на неговите ќерки во собранието на земјата, за што се води и истрага, јавуваат светските агенции. Бруно ле Ру својата одлука ја соопшти денеска. Тој изјавил дека не сторил ништо погрешно со вработувањето на своите ќерки, но навел дека […]

Отштета од 60 милиони евра за жени со дефектни импланти за дојки

24 јануари 2017

Француски суд пресуди дека германскиот контролор на безбедноста „ТУВ Рајнланд груп“ (TÜV Rheinland Group) ќе мора да плати вкупно 60 милиони евра отштета на 20.000 жени кои добиле дефектни импланти за дојки што биле одобрени за употреба од оваа група. „ТУВ Рајнланд“ ќе мора да исплати по 3.000 евра со клаузула за враќање, на секоја од […]

Давидовиќ: Снимањето во судница е скандал и доказ дека МВР и Чавков ги кршат законите

26 мај 2016

Ги снимаат демонстрантите, снимаат полициски акции, а сега влегоа и во судот да снимаат рочишта. Ова е скандалозно и е доказ дека МВР и министерот Митко Чавков не ги почитуваат законите и дека судот е на колена, вели за „Мета“ адвокатот Звонко Давидовиќ, запрашан за коментар за денешниот обид на тројца припадници на МВР да […]

МВР се обиде неовластено да го снима рочиштето за случајот „Фабрика за афери“

26 мај 2016

Тројца припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска неовластено го снимаа рочиштето за случајот „Фабрика за афери“ во кој првообвинет е Захир Беќири, познат по прекарот Чауш и предизвикаа скандал во судницата. Тие престанаа со снимањето, по жестоката реакција на судијката Гордана Спиревска, која им нареди да ги избришат снимките. – Како можете да […]

Страна 1 од 2