fbpx

Нема никаков скандал со ваучерите за туризам, бидејќи сè уште не се доделени

-

Текстот „СКАНДАЛ: 2/3 од добитниците на ваучер од владата се Албанци, 16 % Македонци, Роми 11 %…?“ е со сензационалистички наслов во кој се најавува некаков наводен скандал со поделбата на ваучерите за домашен туризам, пишува „КриТинк“.

Изнесените проценти на граѓани кои се наводни добитници на ваучери се шпекулација, бидејќи тие сè уште не се доделени, и според информацијата од Министерството за економија, истите ќе бидат доделени неделава.

Ваучерите за туризам не се доделени, па оттука не може да се знае и процентот на Албанци, Македонци или други етнички припадници кои ги добиле. Инфографикот на кој се повикува текстот може наменски да биде направен за ширење на дезинформации, бидејќи нема докази дека е од владината електронска база, како што се тврди во текстот.

Според Министерство за економија, ваучерите за домашен туризам ќе им бидат испратени на сите вработени граѓани кои ги исполнуваат условите, односно кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето-приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи.

„Списокот на граѓани кои што ги исполнуваат условите до Министерството за економија го испраќа Управата за јавни приходи, а и покрај тоа што ваучерите ќе им бидат испратени на граѓаните на електронска е-маил адреса која ја имаат доставено во УЈП, исто така граѓаните ќе може на Платформата да проверат дали се на листата односно дали ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам,“ велат од Министерство за економија.

Владата ги демантираше информациите изнесени во овој текст, истакнувајќи дека „ваквите неточни податоци се тенденциозни, манипулативни и имаат цел да го дезинформираат населението“.

„Наводните бројки и квоти кои од попладнево се пласираат преку одредени портали и преку социјалните мрежи не се точни, ниту пак можат да се пресметуваат на начинот на којшто се презентирани,“ се вели во демантот на Владата.

Имајќи предвид дека ваучерите сè уште не се поделени, станува збор за шпекулации кои имаат за цел да ја дезинформираат јавноста со цел поттикнување на етничка нетрпеливост и поделби.Текстот се коси со професионалните новинарски стандарди и го прекршува Кодексот на новинари за професионално и точно информирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...