fbpx
Таг: скандал

таг: скандал

Донатор на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде на чело на Антикорупциска комисија

Назначувањето на Игор Тантуровски за нов претседател на Комисијата за спречување на корупцијата е уште една потврда дека нема вистинска борба против корупцијата и криминалот туку обиди да се покријат криминалите на власта, обвинуваат од СДСМ. „Тантуровски самиот потврди дека во 2012 година донирал 60.000 денари за ВМРО-ДПМНЕ, со што не го исполнува највисокиот услов - да биде партиски независен....

Новиот исландски премиер положи заклетва

Новиот исландски премиер, Сигурдур Инги Јохансон, денеска положи заклетва на функцијата откако неговиот претходник поднесе оставка поради скандалот со „Панама пејперс“, јавуваат светските агенции. Одлуката Јохансон да биде именуван за премиер ја донесе исландската владејачка коалиција од десниот центар. Јохансон, кој е поранешен министер за риболовство и за земјоделство, ја презеде владата од Сигмундур Гунлаугсон и треба да ја води земјата...

Дипломатски скандал меѓу Турција и Германија поради сатирична песна за Ердоган

Песна на германска телевизија, која го исмејува претседателот на Турција поради опресивниот режим и апсењето новинари предизвика дипломатски скандал. Турските претставници на германскиот амбасадор Мартин Ердман му ја пренесоа официјалната осуда на сатиричното видео и побараа телевизијата, која на 17 март ја објави спорната песна да прекине со емитување, потврди претставник на министерството, кој побарал да остане анонимен. Песната на германски...

Николовски: Нови злоупотреби во Министерството за земјоделство

Денеска, пред јавноста и пред граѓаните, објавувам нови докази и факти зошто министерот Михаил Цветков веднаш треба да си поднесе оставка, изјави Љупчо Николовски, дополнителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Ова е класичен фалсификат договор за закуп на земја во село Брод, општина Новаци. Еве го договорот за краткорочен закуп на 35 хектари, земја која прво ја добива таткото...

„Тошиба“ ќе отпушти 7.000 работници

Јапонската корпорација „Тошиба“ има намера да укине од 6.000 до 7.000 работни места во обид да ја реструктуира компанијата, пишува јапонскиот весник за бизнис „Никеи“. Најголем број откази ќе бидат доделени во секторот за апарати за домаќинство. Компанијата, исто така, планира драстично да го намали обемот на производство во фабриката „Оме“ во Токио, во која се произведуваат телевизори и компјутери, а...

Германија покрена истрага против поранешниот директор на „Фолксваген“

Германското обвинителство отвори истрага против поранешниот директор на „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, поради скандалот во кој се најде компанијата поради лажирање податоци за издувните гасови на возилата. Во соопштението се додава дека истрагата има цел да утврди кој е одговорен. Во обвинителството пристигнале повеќе кривични пријави, меѓу кои и една што се однесува на фирмата „Фолксваген“, а во која се наведуваат имињата на осомничените. „Фолксваген“...

Претседателот на „Тошиба“ си поднел оставка поради финансиски скандал

Извршниот директор и претседател на јапонскиот технолошки гигант „Тошиба“, Хисао Танака, си поднел оставка на својата позиција откако компанијата соопшти дека во изминатите шест години биле давани неточни податоци, односно биле преувеличувани профитите на фирмата, јавува „Би-Би-Си“. Вчера од „Тошиба“ соопштија дека фирмата ги преувеличила своите оперативни профити за вкупно 151,8 милијарди јени, односно околу 1,22 милијарди американски долари. „Беше констатирано...

Аферата околу местењето на „Скопје-фест“ заглави во Обвинителството

За скандалот со местењето на телефонското гласање на фестивалот „Скопје 2014“, што се случи во ноември минатата година, на кој се избира наш претставник за песна за „Евровизија“, јавниот обвинител што го води случајот, најверојатно ќе бара нови шест месеци за финализирање. Законскиот рок до кога треба да биде завршена истрагата истекува за еден месец, а од Обвинителството за „Мета“ велат...

Колку милиони евра се договорите на Јанакиески и на Груевски?

Двата спорни договори за кои се разговара во снимките што денеска ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, се однесуваат на изградба на автопатите Миладиновци - Свети Николе - Штип и Кичево - Охрид. Во еден од разговорите, министерот Миле Јанакиески и непознат соговорник разговараат за прогнозата на Агенцијата за државни патишта за цената за изградба на автопатот. Соговорникот вели дека...

Скандал во Бакингам: Принцот Ендру имал секс-робинка?!

Англиското кралско семејство го тресе скандал откако во јавноста излезе приказна дека принцот Ендру, војводата од Јорк, синот на кралицата Елизабета Втора и на принцот Филип, имал сексуални односи со малолетна девојка која била присилена на тоа. Во американскиот суд, неименувана жена сведочела дека еден инвестициски банкар ја „позајмувал“ на неговите богати и моќни пријалети како „сексуална робинка“ и дека неколкупати...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...