Обвинител побарал МВР да почне истрага за скандалот со извидничкиот настан „Секс скаутс енд рокенрол“

Фото: ФБ, PrvSkopskiIzvidnicki

Дежурен јавен обвинител вчера дејствувал по обелоденувањето на случајот со настанот „Секс скаутс енд рокенрол“ организиран од првиот скопски извиднички одред, на кој имало соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата.

Како што извести Јавното обвинителство (ЈО), дежурниот обвинител издал насоки до МВР кои дејствија да се преземат за да се утврди фактичката состојба.

ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација вчера апелираше за итно постапување на институциите по допрен глас и за целосно расветлување и разрешување на случајот кој се одиграл минатиот викенд. Станува збор за сведоштво на родител кој го споделува искуството на неговото дете