fbpx

Ни требаат речиси 50.000 денари месечно за преживување, трошоците за живот повисоки за 13 отсто

Според Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2023 година, во однос на април 2022 година, бележи зголемување од 13 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 10,1 отсто

-

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој ја изработува синдикалната потрошувачка кошничка.

Според ССМ, над 19 илјади денари се потребни за храна и за пијалоци, и над 13 илјади денари за режиски трошоци.

Според Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2023 година, во однос на април 2022 година, бележи зголемување од 13 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 10,1 отсто.

Државниот завод за статистика во вчерашното соопштение објави и дека е забележан пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, и тоа кај цигарите за 8,1 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2 отсто, месото за 1,4 отсто, виното за 1,2 отсто, кафето, чајот, какаото за 0,5 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0,4 отсто, рибата и морските плодови за 0,2 отсто.

Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 42,4 отсто, туристичките аранжмани за 8,4 отсто, парамедицинските услуги за 6,7 отсто, домашните миленици и сродните производи за 5,4 отсто, услугите за рекреација и спорт за 3,3 отсто, обувките за 2,7 отсто, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2,4 отсто, игрите, играчките и хобијата за 2,2 отсто, облеката, поправките и изнајмувањето обувки за 2,1 отсто, поправката на апаратите за домаќинствата за 2 отсто, другите лични предмети за 1,7 отсто, велосипедите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,3 отсто, патниот патнички транспорт за 1,1 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците, услугите за сместување за 1 отсто, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,9 отсто, ткаенините за изработка на облека, големите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, рестораните, кафулињата и слично за 0,8 отсто, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината за 0,7 отсто, актуелните ренти исплатени од станари, стоматолошките услуги за 0,6 отсто, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0,4 отсто, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,3 отсто, домашните услуги и услугите за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 6,5 отсто, свежото и разладеното овошје за 3,2 отсто, млекото за 3,4 отсто, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,5 отсто, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,4 отсто и пивото за 0,3 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата, гасот за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, горивата и мазивата за сопствените превозни средства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...