петок, 17 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: Сојуз на синдикати на Македонија | 18 резултати

ССМ со иницијатива за драстично намалување на платите на функционерите

февруари 4, 2026

Додека минималната плата во Македонија стагнира, Сојузот на синдикати на Македонија поднесе иницијатива за намалување на платите на пратениците и и другите избрани и именувани лица за 80 отсто

Сојузот на синдикати ќе ги блокира прво пратениците на 10-ти, потоа работодавачите и Владата

февруари 3, 2026

Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека ќе ги блокира пратениците во Собранието на 10 февруари, а потоа и работодавачите на 12 и Владата на 17 февруари. Блокадите доаѓаат после неуспешните преговори меѓу ССМ и Владата за минимална плата од 600 евра.

Владата и ССМ без договор, минималната плата останува иста

февруари 2, 2026

Од Сојузот на синдикати на Македонија соопштија дека утрово владинот претставник не дошол да ја потпише Спогодбата за утврдување на висината на минималната плата, со која минималната плата требаше да се зголеми на 600 евра, а сите останати плати за 6000 денари

Сојузот на синдикати ги повика сите работници на протест во среда на 28 јануари

јануари 21, 2026

Сојузот на синдикати на Македонија повика на протест на во среда на 28 јануари во 17 часот пред  зградата на Сојузот кој ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. „Моќта на работниците е во нивното единство изразено преку револтот на улица!“, изјавија од Сојузот

Минималната плата е под прагот на сиромаштија: Сојузот на сидикати најавува протести, штрајкови и блокади

јануари 14, 2026

Според официјалните бројки, стапката на сиромаштија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, а прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра. „Едно четиричлено семејство месечно треба да располага со најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно“, велат од ССМ.

Ако живеете во изнајмен стан, синдикалната кошница достигнува до 80.000 денари месечно

мај 21, 2025

Трошоците за живот во Македонија продолжуваат да растат – според последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство во мај изнесува 63.908 денари, што е зголемување од 1.217 денари во однос на април. Најголемо зголемување има кај храната и пијалаците – речиси 1.000 денари повеќе во […]

Вработените во ФЗО најавија штрајк против намалувањето на платите

февруари 4, 2024

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов најави дека вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе штајкуваат заради најавеното намалување на платите. Трендафилов, во интервју за Радио Слободна Европа, информираше дека одлуката за штрајк е веќе донесена и ќе стартува од утре. „Штрајкот е непопуларна мерка кон која прибегнуваат работниците и синдикатите […]

Инспекторатот утврдил дека директорката на Комунална хигиена незаконски ги потпишала отказите на работниците

јули 25, 2023

Државниот инспекторат за труд (ДИТ), по поднесената преставка од вработените во јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје, донел инспекциска мерка со која менаџментот на претпријатието се задолжува да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор, соопштија синдикатите ССМ и СУТКОЗ. […]

Почина Дарко Димовски, претседател на ССМ

јуни 11, 2023

По кратко боледување на 45 годишна возраст, почина претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски. Од ССМ изразија длабоко сочувство до неговото семејство. „Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија“, изјавија од Сојузот на синдикатите. […]

Вжештена расправа за Законот за работни односи, ССМ вели дека се силуваат работничките права

мај 17, 2023

Измените на Законот за работни односи на расправата на седницата во Собранието ги судри аргументите на партиите од владејачкото мнозинство и на опозицијата. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците рече дека власта на брза лента ги турка законите со европско знаменце кои се однесуваат на Коридорите 8 и 10д, а претходно реагираше и Сојузот на […]

Ни требаат речиси 50.000 денари месечно за преживување, трошоците за живот повисоки за 13 отсто

мај 9, 2023

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој ја изработува синдикалната потрошувачка кошничка. Според ССМ, над 19 илјади денари се потребни за храна и за пијалоци, и над 13 илјади денари за режиски трошоци. Според Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот […]

Синдикатите се закануваат со штрајк, ако не се усвои минимална плата од 18.000 денари

февруари 6, 2022

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска побара Владата да го поддржи предлогот за минималната плата од 18.000 денари и да го стави на гласање на Економско социјалниот совет. Синдикатите најавија дека доколку не се усвои ова решение, ќе организираат штрајк и блокади на фабрики, економски зони и патишта. Одлука за висината на минималната плата се […]

ССМ: Нормата повеќе нема да биде основа за исплата на минималната плата

мај 9, 2018

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека Уставниот суд минатиот месец ги укинал членовите од законот во делот за нормираниот учинок. Со ова, според ССМ, ќе се овозможи исплатата на минималната плата за сите работници во државата, без условување со остварување на нормата наметната од работодавачот. ССМ поведе постапка за оценка на уставноста […]

Страна 1 од 1