Почина Дарко Димовски, претседател на ССМ

Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија, изјавија од Сојузот на синдикатите на Македонија

-

По кратко боледување на 45 годишна возраст, почина претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски.

Од ССМ изразија длабоко сочувство до неговото семејство.

„Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија“, изјавија од Сојузот на синдикатите.

Димовски беше претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ).

За претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија беше избран во 2017 година.

Голем број новинари, политичари, политички партии, изразуваат сочувство по повод прераната смрт на Димовски.

Од Министерството за труд и социјална политика испратија телеграма со сочувство, во која се вели дека Димовски „засекогаш ќе остане во нашите срца како борец за подобар работнички век и живот“.

„Од 2017 година на неговото место како претседател своите денови ги помина во посветена борба за поголеми права на работниците. Човек кој секогаш имаше време да ги сослуша предизвиците на секој еден работник и човек кој гласно и храбро се бореше за решение на истите. Засекогаш ќе остане во нашите срца како борец за подобар работнички век и живот. Активен партнер во социјалниот дијалог за подобрување на животот на сите граѓани во државата. Неговиот несебичен удел во општествениот живот, неговите заложби и неговите силни чекори и поддршка кон работниците никогаш нема да бидат заборавени“, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Искрено сочувство за прераната смрт на првиот човек на ССМ изрази и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Сочувство изразија и премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Погребот на Димовски ќе се одржи утре, во 13 часот.

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан.  „Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“,...

Почина папата Франциск

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот...

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило...