fbpx

Нема да правиме дупки во буџетот и ќе работиме домаќински, порача Тачи

-

На митингот кој ДПА го одржа во Желино, лидерот Мендух Тачи порача дека само со платформата која ја нуди ДПА, ќе се подобри статусот на Албанците.

– Со оваа платформа, сакаме да се спречат агресијата и неоправданото казнување на Албанците – изјави Тачи.

Тој додаде дека ако ДПА дојде на власт, ќе работи домаќински и во интерес на народот.

– Ахмети не разбира дека државата ги зема парите од граѓаните и со тие пари живеат функционерите. Ние кога ќе дојдеме на власт, нема да правиме дупки во буџетот. Ќе бараме да се инвестира во средини каде што живеат Албанци за да имаме силна економија. Ќе се залагаме странските фирми кои инвестираат тука, да вработуваат врз основа на етничка линија – истакна Тачи.

Според лидерот на ДПА, ДУИ само ја изолира Македонија од евроатлантските структури и затоа мора да биде поразена на овие избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...