fbpx

Најмалку 112 лица загинаа, а 200 се исчезнати при лизгање на земјиште во Колумбија

-

Најмaлку 112 лица загинаа, а околу 200 се водат како исчезнати при лизгање на земјиште во градот Мокоа во југозападниот дел на Колумбија.

Колумбиските власти известија дека свлечиштето било предизвикано од излевањето на водите од реката Мокоа и од три нејзини притоки, до што дошло по повеќечасовни обилни врнежи од дожд.

При свлечиштето се затрупани десетици куќи во една населба во Мокоа, а градот бил без струја и без вода.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, на својот профил на „Твитер“ објави дека „Колумбијците се во жалост поради жртвите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од денеска евтина струја од 13 до 15 часот

Од денеска, 1 декември, се враќа евтината тарифа на струјата за просечна потрошувачка на електрична енергија во блок 1 и 2. Со тоа, граѓаните ја добиваат можноста за евтина...