Министерството за здравство соопшти дека за 24 часа се направени 7.174 теста, а регистрирани се уште 708 случаи на ковид-19 од кои најголем дел во Скопје – 315.
Како последица на болеста починале 32 лица, од кои 11 од Скопје на возраст од 42 до 81 година. Најмладиот починат бил од Охрид и имал само 25 години. Регистрирани сe 573 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.