fbpx

Порталб: Многу ветувања, но без вистинско решение за дивата депонија во Струга

-

Нема решение за дивата депонија во Струга. Со години депонијата, која се наоѓа на неколку километри од градот, е црна точка на градот. На локалните избори во 2017 година, Рамиз Мерко, актуелен градоначалник на Струга, вети дека ќе го реши овој проблем со изградба на регионална депонија за општините од југозападниот регион во земјата. Меѓутоа, реалноста е поинаква, регионалната депонија не е изградена, а отпадот и понатаму се собира на истата локација, пишува Порталб.мк.

Дивата депонија во Струга и понатаму е активна иако нејзиното затворање или релокација беше едно од главните ветувања на градоначалникот Мерко. Во изборната програма „За Општината што ја посакуваме“ за локалните избори во 2017 година, Мерко вети: Изградба на регионална депонија за девет општини од Југозападниот регион.

На 14 јули 2017 година, Рамиз Мерко, актуелен градоначалник на Струга, тогашен министер без ресор, запрашан од медиумите за решение на проблемот со депонијата, изјави:

Имаме помош и од актуелната Влада, со која пред една недела го започнавме тендерот за набавка на машини за пресување, со кои се предвидени и четири контејнери во кои ќе се товари отпадот и ќе се транспортира до Дрисла во Скопје. Обезбедени се возила за превоз и верувам дека до мај ќе имаме собирно место каде што ќе се товарат.

По победата на локалните избори, на 19.12.2017 година, на прашање на „Порталб.мк“ за ветувањата во неговиот мандат, во врска со депонијата како градоначалник на Струга, тој изјави:

Еден од главните проблеми што оваа општина ги имаше во последниот период беше депонијата, која се запали и предизвика вознемиреност, загриженост и гнев кај жителите. Загадувањето на воздухот од палењето на депонијата предизвика револт кај жителите кои на различни начини го кренаа гласот и бараа одговорност од општината и итно решавање на проблемот.

Рамиз Мерко говори за решение на проблемот со дивата депонија и во интервју за Вистиномер.мк (Vërtetmatësi.mk) во 2018 година.

„Направивме тендер за создавање на пункт за собирање и товарање на отпадот, кој потоа ќе биде транспортиран до Дрисла. Сега направивме точка за товарање и средување на постојната депонија. Сé што ќе се собере отсега ќе биде проследено на друго место”, изјави Рамиз Мерко. (Минута 3)

Регионалната депонија за југозападниот регион (вклучително и Струга) не е изградена. Активистите велат дека, освен зборови, во реалноста нема иницијатива за изградба на регионална депонија, додека екологистите ја истакнуваат загриженоста дека дивата депонија, освен што го труе воздухот што го дишат граѓаните, ја оштетува и плодната почва во овој регион.

„Струшката депонија не ги исполнува стандардите, всушност е незаконска. Се наоѓа многу блиску до населени населби, на плодно земјиште и во сливот на реката Црн Дрим и Охридското Езеро. Депонијата не исполнува никакви услови утврдени со закон“, изјави Глигор Ќато од иницијативата „Доста“.

Од друга страна, за пренесување на отпадот на друга локација не е преземено ништо, додека во струшката дива депонија секој ден се фрлаат околу 10-15 тони различен отпад. Пред 3 години во Струга беше изградена трансфер станица каде што отпадот требаше да се пресува, селектира, а потоа да се транспортира надвор од регионот, но веќе 3 години станицата не работи иако се потрошени околу 340 илјади евра.

Нови ветувања за изградба на регионална депонија

Дивата депонија во Струга го загадува воздухот со години, но проблемот стана поалармантен кога во април 2017 година беше запален отпадот, при што се ширеше чад кој ги труеше граѓаните. На крајот на јули 2017 година, Владата на Македонија донесе одлука за решавање на проблемот на краток рок, во соработка со општинските власти. Според одлуката, Владата обезбеди 200.000 евра, пари наменети за пресување на отпадот, додека општината беше должна да купи камион по цена од 30.000 евра за превоз на отпадот до депонијата „Дрисла“ во Скопје. Сите овие одлуки и ветувања останаа само на хартија, на терен никогаш не беше преземен конкретен чекор за да се стави крај на труењето на граѓаните. Значи, ниту отпадот се пренесуваше од Струга во Скопје, ниту е направено некое привремено решение на проблемот, ниту е изградена регионална депонија.

Според новите ветувања на Владата, регионалната депонија за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион, која треба да се изгради во општина Новаци-Битола, и се очекува изградбата да започне во втората половина на 2022 година. Но, ова ќе се случи само ако Европската банка за обнова и развој го одобри заемот, за кој Владата веќе аплицираше, велат од Министерството за животна средина.

„Бараме заем од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР за сите пет плански региони во вкупен износ од 55 милиони евра. 22 милиони од нив се наменети за регионална депонија за Југозападниот регион и Пелагонија“, рекоа од Министерството за животна средина за ТВ Алсат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...