fbpx

На ОН и се потребни половина милијарда евра за згрижување на два милиони бегалци

-

Милиони беглаци ширум светот ќе останат без кров на глава ако хуманитарните организации немаат доволно пари за нивно згрижување, предупредија денеска Обединети нации (ОН).

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) процени дека за згрижување на околу два милиони бегалци до крајот на 2018 година потребни се 440 милиони евра и покрена кампања под име „Никого не оставај надвор“ („Nobody Left Outside“) со што е повикан приватниот сектор да ги подари неопходните средства.

– Кампањата се обраќа на поединци, компании, фондации и филантропи од целиот свет – се вели во соопштението на УНХЦР.

Во него се додава дека учеството на приватниот сектор во финансирање на активностите на Комесаријатот минатата година изнесувал осум отсто од вкупните финансии.

Според податоците на ОН, во светот денес има 60 милиони раселени, од кои 20 милиони се бегалци.

УНХЦР располага со 158 милиони долари, додека за хуманитарни активности и згрижување на бегалците оваа година потребни се дури 724 милиони долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...