fbpx

Викендов се одржува Меѓународен поетски фестивал во Гостивар

-

Претстојниот викенд во Гостивар ќе се одржи третото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“. На отворањето на фестивалот, во сабота (21 мај) ќе се претстават поетите финалисти избрани од жири комисијата на чело со претседателот Бранко Цветкоски. Наградите ќе бидат доделени во недела (22 мај) на свечена манифестација.

Четиринаесетте финалисти беа избрани во конкуренција на 125 поети од земјава и повеќе балкански земји. Тоа се: Исток Улчар, Наташа Василевска Трајчевска, Митре Мангоски Радождански, Невриј Адеми, Надица Тренчева, Слаѓана Ставрева, Константин Карев, Ивана Китаноска, Валентина Трајкоска, Маријана Давиткова, Митко Гогов сите од Македонија како и Вања Савова, Катја Вангелова и Пламен Димитров Парнарев од Бугарија.

„Годинешната поетска жетва, најригорозниот, би рекол златниот одбир на гостиварскиот и меѓународен фестивал „Литературни искри“ се одликува со суптилна тематска архитектоника, со разнородна, но високо мотивирана стилска изведба, со бројни микропоетички градации на темите на современата личност загледана и упатена кон големите очекувања, пресвртите и жестокостите на животот, со уверлива експонажа на внатрешната устројба на песните“, пишува во својот осврт претседалот на жири комисијата, поетот, критичар и есеист, Бранко Цветкоски.

Поетскиот фестивал „Литературни искри“ го организира Центарот за култура АСНОМ од Гостивар во чест на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители. Настанот е поддржан од Министерството за култура.

Дел од поетите кои учествуваа на конкурсот, по избор на жирито ќе бидат застапени во заеднички алманах, кој ќе се промовира на манифестацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...