fbpx

Могерини и Курц со предлози за решавање на кризата во Сирија

-

Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека преговорите за ставање крај на војната во Сирија би можеле да се водат по моделот на преговори за иранската нуклеарна програма, додека шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, предложи во преговорите на почетокот да биде вклучен и сирискиот претседател Башар ал Асад.

Могерини во Њујорк, каде во тек е заседание на Генералното собрание на ОН, рече дека еден од форматите е и тој што бил применет во преговорите за иранската нуклеарна програма, кои се воделе меѓу Иран и шесте светски сили – САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија, а кои се завршени со договор во јули.

Таквите преговори би можеле да бидат опција и за решавање на сирискиот проблем, рече Федерика Могерини, по состанокот во Њујорк, на кој се сретнаа претставниците на сите седум земји за да ги разгледаат техничките прашања во врска со имплементирање на договорот од Виена.

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, изјави дека европските земји сè повеќе ја разгледуваат можноста како сирискиот режим да биде вклучен во преговорите и предложил компромис во кој краткорочно ќе биде вклучен и претседателот Башар ал Асад.

Контакт-групата која би настојувала да воспостави мир во Сирија би морала во преговорите да ги вклучи и САД и Саудиска Арабија, кои се противат на вклучувањето на Асад, како и Русија и Иран, кои го поддржуваат.

Курц рече дека режимот на Асад би требало да има место на преговарачката маса, барем на почетокот, но во рацете на претседателот нема да биде можноста да ја одреди иднината на Сирија, доколку Русија и Иран се сложат со Западот за формулата сириската иднина да биде прифатлива за двете страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...