ИОМ: Повеќе од половина милион бегалци пристигнале во Европа

Од почетокот на годинава, во Европа, преку Средоземно Море стигнале половина милион мигранти и бегалци, соопшти во Женева Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Во обид да стигнат до Европа, животот го загубиле 2.892 лица.

Најмногу мигранти и бегалци стигнале во Грција, повеќе од 380.000, додека во Италија стигнале околу 131.000.
Во Грција, најголем број од пристигнатите се Сиријци и Авганистанци, а во Италија – Еритрејци и Нигеријци.

Според податоците на ИОМ, до 17 септември бројот на мигрантите и на бегалците е зголемен во Европа речиси за 49.000.