fbpx

Меркел и Оланд предлагаат „европски азил“ и легитимациски листи за мигрантите

-

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, објавија заедничко писмо во кое изразуваат поддршка на неодамна предложените мерки за згрижување на бегалците од Блискиот Исток.

Писмото, двајцата европски лидери го испратиле до Советот на Европската унија, Европската комисија (ЕК) и до премиерот на Луксембруг, кој го презеде претседателството со унијата во наредните шест месец.

Меркел и Оланд изразуваат поддршка на предложената мерка за отварање центри во кои ќе се прави разлика меѓу економските мигранти и оние кои бараат азил, веднаш по нивното доаѓање во Грција и Италија, пренесува ХРТ.

Наместо азил во секоја држава одделно, Меркел и Оланд предлагаат европски азил, кој би важел за сите земји-членки на ЕУ. Заради точно одредување на земјата на потекло на мигрантите, двајцата европски лидери предлагаат составување легитимациски листи.

Најспорна точка во писмото е прашањето за ЕУ-квотите. Во него се бара укинување на квотите и воведување рамномерна распределба на бегалците меѓу земјите во духот на единството и на еднаквоста.

Како што пренесува ХРТ, Меркел и Оланд го поддржуваат Шенгенскиот договор од 1985 година и нагласуваат дека писмото е упатено до балканските држави и до земјите од Средна Европа, како и до Велика Британија, која одбива да ја прифати миграциската политика на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...