fbpx

Груевски пушти во употреба нова опрема во болницата „8 Септември“

-

Премиерот Никола Груевски, придружуван од министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска го пушти во официјална употреба новиот современ апарт за ангиографија во Градската општа болница „8 Септември“.

„Ова практично ќе биде еден нов момент во оваа болница. Со ова болницата ќе биде втор центар во Скопје во кој ќе се вршат ваков вид интервенции за инфаркти, стентови за инфаркти и други интервентни процедури“, изјави премиерот.

Како што соопшти премиерот, за сите овие процедури и работа со новиот апарт биле обучени повеќе лекари во болницата, а дел од обуките биле спроведени во Цирих, но и во други медицински центри. Од октомври, Груевски соопшти дека во болницата ќе пристигне лекар од Дедиње, кој подолго време ќе биде во болницата и ќе им го пренесе своето искуство на домашните лекари.

Апаратот е веќе инсталиран и со него се прават првите процедури. Неговата набавка чинела 35 милиони денари или околу 570.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...