fbpx

Бомбашот што го потопи „Реинбоу вориор“ на Гринпис се извини по 30 години

-

Поранешниот припадник на француската тајна служба, Жан-Лук Кистер, кој го предводел смртоносниот напад на бродот на Гринпис „Реинбоу вориор“ во пристаништето во Окленд во Нов Зеланд, пред 30 години, денеска во емисија за ТВНЗ се извинил за тоа што го сторил, пренесува „Би-Би-Си“.

„Би сакал да ја искористам оваа можност и да го изразам моето најдлабоко жалење“, рекол Кистер во емисијата, додавајќи дека смртта на португалскиот фотограф Фернандо Переира, кој бил на бродот, била „несреќен случај“.

Инаку, бродот бил миниран за да се запрат протестите на Гринпис против француските нуклеарни проби.

„Реинбоу вориор“ на 10 јули 1985 година требало да исплови до атолот Мурироа во Француска Полинезија, каде биле закажни нуклеарните проби.

Според познавачите, станува збор за една од најзлогласните саботажи изведени од една држава.

Кистер во емисијата изјавил дека намерата на неговиот тим не била да убие никого и се извинил на семејството на фотографот Переира, екипажот на Гринпис и на народот на Нов Зеланд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...