Политичарите и активистите претпазливи во однос на климатскиот пакт на САД и Кина

Активистите и политичарите со претпазливост ја дочекаат ненадејната декларација на САД и Кина за соработката против климатските промени. Објавата на ваквата спогодба на климатскиот самит на ОН, KОП26 што се одржува во Глазгов, Обединетото Кралство за ЕУ и ОН е „поттикнувачки и важен чекор“, но сепак светската организација „Гринпис“ порача дека обете земји мора да покажат поголема посветеност, извести Би-Би-Си.

САД и Кина се најголемите светски производители на јаглерод диоксид, главниот причинител на глобалното затоплување поради предизвикување на ефектот „стаклена градина“, а вчера и двете земји порачаа дека ќе соработуваат на постигнување на целта од 1,5 Целзиусови степени зацртана уште во Парискиот договор од 2015. Климатскиот самит во Глазгов завршува в петок.

Научниците велат дека ограничувањето на покачувањето на глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени ќе помогне да се избегне најлошото сценарио за климатските промени. Тоа би значело отприлика ниво како тоа пред Индустриската револуција.

Според „амбасадорот за климатските промени“ на Кина, договорот меѓу двете најмоќни држави на светот е постигнат по повеќе од 30 состаноци во изминатите 10 месеци, а претседателите на САД и Кина, Џо Бајден и Сји Ѓинпинг ќе одржат нова виртуелна средба веќе следната седмица.

Реакциите за вчера објавениот договор на САД и Кина беа главно позитивни, но експертите и активистите порачуваат дека мора да се преземат конкретни чекори за да се поткрепат зададените цели, пишува Би-Би-Си.

Женевјев Марисле, директор за климатски политика на САД во Светскиот фонд за природата (WWF) смета дека веста дава „нова надеж“ оти може да се постигне целта од 1,5 Целзиусови степени. Сепак, таа вели дека дека „мора да бидеме на чисто за тоа што се бара од двете земји за да ги намалат испуштањњата на гасови во следните 9 години“.

Џенифер Морган, извршен директор на светската организација „Гринпис Интернешенел“ предупредува дека Кина и САД мора да покажат поголема посветеност кон климатските цели.