По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, здружението „Охридски атлетски маратон“ го организира традицинионалниот 29. по ред Меѓународен атлетски маратон Свети Наум – Охрид, во должина од 30 километри.
Стартот на маратонот е закажан во вторник во 9 часот, кај караулата на Армијата на Република Македониј (АРМ) во Свети Наум, а ќе го означи претседателот на Европската атлетска асоцијација, Свен Арне Хансен.
На целта, пред Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид, се очекува првите маратонци да пристигнат околу 10.30 часот.