Од чешмите на гостиварци ќе протече филтрирана вода. Проектот за пречистителната станица во Вруток е доведен до завршна фаза.
Од понеделник (7 септември) до петок (12 септември) ќе се вршат градежни работи за поврзување на водоводната мрежа со станицата, информираат од локалната самоуправа на Гостивар.
Во текот на теренските работи се очекува периодично намалување на притисокот на водата во повисоките делови од градот, а не се исклучува можноста да има и кратки прекини во водоснабдувањето.
Општинските власти и Јавното претпријатие „Комуналец“ бараат разбирање од граѓаните со оглед на тоа дека станува збор за важен проект што ќе реши горлив проблем за Гостивар.
Филтер-станицата близу изворите во Вруток почна да се гради во 2011 година, а проектот чини околу 2 милиони евра.
З.Д.