сабота, 7 март, 2026
Meta.mk

Ознака: здружение | 21 резултати

На Светскиот ден на здравјето, МЛД му додели специјална награда на Македонското здружение на инфектолози

7 април 2021

Македонското лекарско друштво (МЛД), на Светскиот ден на здравјето, 7 април, му додели специјална награда на Македонското Здружение на инфектолози, за секој поединец инфектолог, како први борбени столбови во пандемијата со ковид-19. „МЛД им оддава голема почит и благодарност на сите лекари и здравствен персонал кои се вклучени во борбата со ковид-19 и нашата порака […]

Здружението „Плоштад Слобода“ бара граѓаните преку јавна анкета да се изјаснат за „Мал Ринг“

27 јули 2020

До градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и до претседателката на Советот на Општина Центар Цветанка Симоновска, Здружението „Плоштад Слобода“ поднесе барање за продолжување на јавната анкета по Предлог – Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1 за до крајот на август. „Поради тоа што се одбиени сите апели на професионалните, […]

Заразата со птичји грип во Струшко е потенцијална закана за луѓето, сметаат од „Еден“

7 февруари 2017

Наспроти информациите што кружат во јавноста дека птичјиот грип А(Х5Н8) кој го има во Струшко не е опасен по здравјето на луѓето, сепак заразата е потенцијална закана, информираат од здружението за заштита на животните и на животната средина „Еден“. – Постојат ретки документирани случаи на пренесување на инфекција со сличен тип на птичји грип на човек […]

Самохраните мајки формираа здружение „Една може“

15 мај 2016

Самохрани мајки заедно со нивните деца, денеска излегоа на првата активност на здружението на еднородителски семејни заедници „Една може“, во Паркот на франкофонијата во Скопје. Дора Пачкова, членка на ова здружение, ги истакна различните проблеми со кои се соочуваат децата што живеат со еден родител. Од здружението велат дека на креативен начин ќе ја претставуваат индивидуалноста […]

Штедните влогови се сигурни и стабилни, тврдат банкарите

27 април 2016

„Штедните влогови што граѓаните ги имаат во банките им се сигурни и стабилни. Банките имаат вишок ликвидни средства и се подготвени да ги сервисираат сите потреби на граѓаните. Банкарскиот систем е најздравиот дел од нашата економија“, истакна денеска претседателот на Здружението на банкарство при Стопанска комора, Коста Митровски. – Банките имаат висока капитализираност, адекватноста на капиталот е речиси […]

Здружението „Има иднина“ бара формирање на граѓански самит за решавање на кризата

22 април 2016

Здружението „Има иднина“ смета дека последните настани покажуваат дека политичката криза во Македонија не може да ја решат единствено политичките партии, без активно учество на граѓанскиот сектор. Во своето соопштение, од здружението велат дека жалат што политичарите ја пропуштиле шансата да преговараат во Виена со посредство на еврпските дипломати. „Излезот од оваа криза може и мора да се […]

Коста Митровски, нов претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора

18 март 2016

Претседателот на управниот одбор и извршен директор на „УНИ-банка“, Коста Митровски, е избран за нов претседател на Здружението на банкарството, информираат од Стопанска комора на Македонија. Поради оставката на Ѓорѓи Јанчевски, поднесена заради неговото пензионирање од функцијата претседател на управниот одбор на „НЛБ Тутунска банка“, Здружението на банкарството одржа седница на која го избра новиот претседател. […]

Екологистите се заканија: Или топлификација во Битола или бојкот на политичките митинзи

24 декември 2015

Околу 5.000 поддржувачи се потпишале за платформата „Петка за Битола“, против загадувањето на воздухот, што ја иницира здружението „За нас се работи“. Од здружението велат дека оваа бројка потпишани граѓани на петицијата е израз на загриженоста, револтот и на стравот на граѓаните од енормното загадување на воздухот во Битола и од последиците по нивното здравје […]

Блокади и масовен протестен марш во Тетово против аерозагадувањето

17 декември 2015

Неколку илјади граѓани денеска со блокади на трите главни влеза во градот и со протестен марш по тетовските улици, изразија незадоволство од екстремното аерозагадување во градот. Побараа властите да преземат итни мерки против екстремно загадениот воздух, кој секојденевно ги труе тетовци, предизвикувајќи разни болести со смртни последици. – Има пораст на спонтани абортуси и затоа, […]

Гевгелиски таксисти ја блокираа пругата поради забраната да превезуваат мигранти

9 декември 2015

Здружението на лиценцирани такси-превозници „Авто-таксисти“ од Гевгелија, утрово, во 10 часот, почнало протест поради забраната да се превезуваат мигранти од Гевгелија до Куманово, информира Министерството за внатрешни работи. Членови на здружението, со своите такси-возила и со жив штит, ја блокирале железничката пруга кај железничкиот мост на Сува река. Како што информираат од МВР, таксистите ги […]

Здружението „Богојавление“ ја откажа организацијата на манифестацијата Богојавление – Водици

4 декември 2015

Здружението „Богојавление“ се откажа од организацијата на свеченостите и на манифестациите поврзани со верскиот празник Водици – Богојавление. Иако ваквата одлука на здружението, на некој начин, беше очекувана, јавноста ја прими веста со големо изненадување бидејќи станува збор за манифестација што привлекува илјадници гости надвор од туристичката сезона и придонесува за афирмацијата на градот. – Сакаме […]

Во вторник 29. Меѓународен атлетски маратон Свет Наум – Охрид

6 септември 2015

По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, здружението „Охридски атлетски маратон“ го организира традицинионалниот 29. по ред Меѓународен атлетски маратон Свети Наум – Охрид, во должина од 30 километри. Стартот на маратонот е закажан во вторник во 9 часот, кај караулата на Армијата на Република Македониј (АРМ) во Свети Наум, а ќе го […]

Наместо во Општината, парите ги префрлил на сметка на здружението ЦИРА

13 април 2015

З.С. (43) противправно присвоил 2.400.000 денари во корист на Центарот за институционален развој ЦИРА, наместо да ги исплати на сметка на Општина Штип. „Во периодот од јануари 2013 до мај 2014 година, пријавениот во својство на одговорно лице во рамките на реализација на програмата „Форуми во заедницата“ во Општина Штип, финансирана од Швајцарската агенција за […]

Битолчани дишат воздух презаситен со ПМ10 и со ПМ2,5-честички

3 март 2015

Двонеделното мерење на квалитетот на воздухот во Битола покажа дека битолчани дишат воздух презаситен со ПМ10 и со ПМ2,5-честичките. Мерењето што на своја иницијатива го направи здружението „За нас се работи“ околу Нова година, денеска беше презентирано пред јавноста. Резултатите од мерењето беа испратени во независната лабораторија „Мол“ во Србија. – Алармантен е фактот што […]

Македонците од Албанија разочарани од одлуката на Уставниот суд за почитувањето на малцинските права

16 декември 2014

Македонското малцинство во Албанија го смета спојувањето на општините за чекор назад во почитувањето на малцинските права во областите Голо Брдо и Гора. Со ваква реакција се огласија денеска Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана, Разгранок Голо Брдо. „Верувавме во фер и правна одлука на Уставниот суд како независна институција и гарант на Уставот, но одлуката […]

Повеќе од 1.500 битолчани протестираа за чист воздух

13 декември 2014

Повеќе од 1.500 битолчани денеска, точно напладне, го почнаа вториот протест организиран од здружението „Битола сака чист воздух“, јави дописникот на „Мета“ од Битола. Придружувана од тропотот на неколку барабани и од постојани свирежи, колоната се протегаше од платото кај некогашниот Офицерски дом, преку Широк сокак до зградата на Општината. Со транспаренти на кои пишуваше „Воздухот […]

Утре почнува мерењето на загаденоста на воздухот во Битола

11 декември 2014

Од утре почнува мерењето на загаденоста на воздухот во Битола, кое ќе трае две недели. Според здружението „За нас се работи“, испитувањето ќе го прави приватната лабораторија „Фармахем“, а ќе се мери квалитетот на амбиенталниот воздух во центарот на градот, каде речиси три години е надвор од употреба мерната станица Битола -2. – Утре ќе […]

Страна 1 од 1