fbpx

Мароканец планирал терористички напад на руската амбасада во Берлин

-

Државјанин на Мароко, кој во саботата е уапсен во германскиот град Лајпциг, планирал да изведе терористички напад пред руската амбасада во Берлин, објави германскиот весник „Фокус“, повикувајќи се на извори од германското Државно обвинителство во Дрезден.

Дваесет и четиригодишниот Мароканец е осомничен дека подготвувал „загрозување на државната безбедност“. Обвинителите веруваат дека руската амбасада во Берлин била потенцијална мета.

Германскиот весник „Тагесшпигел“ претходно, повикувајќи се на сопствени извори, јави дека уапсениот мигрант сакал да изведе терористички напад пред руска дипломатска мисија.

Портпаролот на руската амбасада во Берлин, Денис Микерин, за новинската агенција ТАСС изјави дека дипломатите се во контакт со германските безбедносни служби и дека очекува верификација на медиумските наводи.

Според „Тагесшпигел“, осомничениот планирал да им се приклучи на демонстрантите пред амбасадата и да изведе терористички напад. Во написот стои дека сакал да се одмазди на Русија поради „нејзината поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...