Лажни дојави за бомби добија црногорскиот парламент и неколку училишта

Според информациите кои ги објави Побједа, дојави за бомби пристигнале во основни училишта и градинки во Никшиќ, Херцег Нови, Бар, Петровац, Тиват и други градови во Црна Гора

-

Дојава за поставена бомба утрово добило Собранието на Црна Гора и неколку училишта низ земјата, јавува црногорскиот весник Побједа. Собраниската зграда е евакуирана, исто како и учениците во школите, информираат од црногорската полиција. Прегледите на сите објекти во моментов се во тек, а дојавите за поставени експлозивни направи биле испратени преку електронска пошта.

Според информациите кои ги објави Побједа, дојави за бомби пристигнале во основни училишта и градинки во Никшиќ, Херцег Нови, Бар, Петровац, Тиват и други градови во Црна Гора. Управите на образовните установи ги повикале родителите да ги земат децата, додека во некои градинки и училишта било одлучено да нема настава и во попладневните часови.

Она што е многу важно е дека новиот наплив на дојави за бомби во Црна Гора доаѓа пред одржувањето на парламентарните избори, кои се закажани за во недела (11 јуни). Изминативе недели лажни дојави за бомби во училиштата повторно имаше и во Србија, а интересен е податокот дека ваквата форма на хибридни закани се случуваше и во Бугарија пред одржувањето на тамошните парламентарни избори во март годинава.

Лажни дојави за бомби како закана за изборниот процес во Бугарија, може да влијаат на одѕивот на гласачите

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...