среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: хибридни закани | 24 резултати

Спасовски: Една од клучните битки е справувањето со лажните вести

25 јули 2023

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за порталот „Журнал“ а во однос на тоа колку граѓаните се запознаени со лажните вести и кои се последиците од нив, рече дека лажните се вести се еден од посериозните предизвици на новото време. „Една од клучните битки е справувањето со лажните вести. Владата направи акциски план […]

Лажни дојави за бомби добија црногорскиот парламент и неколку училишта

8 јуни 2023

Дојава за поставена бомба утрово добило Собранието на Црна Гора и неколку училишта низ земјата, јавува црногорскиот весник Побједа. Собраниската зграда е евакуирана, исто како и учениците во школите, информираат од црногорската полиција. Прегледите на сите објекти во моментов се во тек, а дојавите за поставени експлозивни направи биле испратени преку електронска пошта. Според информациите […]

МНР во соработка со Амбасадата на САД организираше конференција за дезинформации и хибридни закани

20 мај 2023

Министерството за надворешни работи, во соработка со Амбасадата на САД организираше Конференција „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Воведни обраќања имаа државниот секретар Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје. Учество зема и реномираниот американски експерт Енди Карвин, претставник од НАТО Одделот за […]

Грковска: Сајбер нападите се постојана закана, мора континуирано да ја јакнеме отпорноста

16 мај 2023

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска порачува дека заканите за сајбер безбедноста постојано еволуираат и затоа професионалците за сајбер безбедност мора да бидат опремени со најсовремени знаења и алатки за ефективно да се заштитат од нив. Таа се обрати на отворањето на конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“, која од денеска […]

Во Охрид се одржа работилница за зајакнување на отпорноста од хибридни закани

6 мај 2023

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово во Охрид учествуваше на работилницата насловена „Зголемување на свеста за хибридните закани: зајакнување на отпорноста на Западен Балкан“, организирана од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија. На работилницата станало збор за ранливоста на општествата на хибридните закани и потребата за зацврстување на сеопфатната општествена отпорност на овие закани, како клучна […]

Во тек вештачењето за групата од Иран и од Русија вклучена во дојавите за бомби во училиштата

24 април 2023

Во тек е вештачењето во однос на дојавите за бомби што во периодот од октомври минатата година до март годинава ги имаше во основните и средните училишта, но и во други институции во државата, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој, заедно со заменик министерката за здравство, Марина Манолева, шефот на скопското Јавно обвинителство […]

Божилов не рекол дека Бугарија ќе обвини Македонци за дојавите за бомби во Бугарија

13 април 2023

Од оригиналната изјава на Божилов дадена за БНТ, се гледа дека тој изјавил нешто во сосема друг контекст и воопшто не кажал дека Бугарија ќе обвинува Македонци за дојавите за бомби. Божилов зборува за покренување на обвиненија во Македонија за дојавите за бомби во земјава, а тоа го најави и самиот министер за внатрешни работи […]

Кибер отпорноста почнува со лична дигитална „хигиена“

5 април 2023

Кога се зборува за кибер безбедноста, односно справувањето со кибер нападите и справувањето со дезинформациите, мерките за безбедност треба почнат со она што се нарекува основна лична дигитална хигиена, а потоа да се оди повисоко. Тоа подразбира, за секој поединец – ставете заштита, заклучување на телефонот или лаптопот; редовно ажурирајте го софтверот, инсталирајте заштитен софтвер […]

НАТО дава поддршка на земјава за одбрана од хибридните напади и дезинформациите

4 април 2023

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки изјави дека Алијансата на Северна Македонија ѝ дава техничка поддршка во борбата со хибридните напади со кои се соочува. На новинарското прашање на ТВ 21 за неодамнешната посета на тим од експерти на НАТО предводени од заменик-помошникот генерален секретар […]

Потерницата од Хаг за Путин – главен мотор на новите руски дезинформации и закани

4 април 2023

Март во македонскиот медиумски простор беше одбележан со еден главен и нов дезинформациски наратив од Москва, кој беше разработен кратко време по веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за права на децата Марија Лвова Белева. Два дена по објавената „потерница“ по Путин, од […]

Две децении Јадранска повелба: Руската агресија врз Украина од темел ја смени европската безбедност

28 март 2023

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба во Скопје денеска се одржа првиот неформален министерски состанок, со кој претседаваше министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој ја претстави амбициозната цел за создавање на нов Стратешки концепт на Јадранската повелба (А5). Се водеше и дискусија за зајакнување на политичката улога на […]

Поради дојавите за бомби, десетици средношколци повеќе време поминуваат во автобус одошто во клупа

27 февруари 2023

Нови дојави за бомби денеска испразнија 21 средно и 11 основни скопски училишта, едно основно училиште во Прилеп, а мејл со закана доби и Основниот суд во Охрид. Со оглед на фактот дека од почетокот на второто полугодие, речиси секојдневно има дојави и прекин на наставата, се поставува прашањето, како овие случувања влијаат на образовниот […]

МОН: По добиена дојава за бомба, наставата да не се прекинува, туку да продолжи онлајн

23 февруари 2023

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) испратиле допис до основните и средните училишта во државата, во кој наложуваат директорите да организираат настава на далечина во деновите кога ќе добијат дојави за поставени бомби. Ова се случува за учениците да не губат од настава бидејќи дојавите се зачестени, а информацијата за дописот од МОН […]

Владата усвои итни мерки, јавната администрација ќе оди на обуки за сајбер-безбедност

21 февруари 2023

Владата на денешната седница, на предлог на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска усвои сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, информираат од владината прес-служба. „Овие мерки следуваат по серијата активности за координација со донаторите […]

Пост на социјалните мрежи манипулира со лажни дојави за бомби во училиштата

21 јануари 2023

Постот што се споделува на Фејсбук е манипулативен и му недостига контекст. Точно е дека МВР уапсило 55-годишна жена осомничена за лажни дојави за бомби, но таа нема никаква врска со дојавите кои претходно биле испратени од мејл адреси од странство, за кои министерот Спасовски посочи дека се хибридни закани. Жената, инаку лице со здравствени […]

Закани за бомби во руски стил: Целта е да се сее страв кај населението

16 декември 2022

Експертите оценуваат дека досегашните аларми за бомби во училишните објекти, трговските центри и институциите доаѓаат од Русија. Нивната цел е да сеат страв кај граѓаните во контекст на војната во Украина и вознемиреност за еден можен конфликт на северот на Косово, пишува Порталб.мк. Северна Македонија, како и државите од регионот, во изминатиот период се соочува […]

Спасовски: Лажните дојави за бомби се монструозен чин на хибридни закани

11 ноември 2022

Министерот Спасовски ги оцени лажните дојави за бомби како „монструозен чин на хибридни закани“ и рече дека многу е важен брзиот и ефикасен одговор на државата со своите партнери. Во интервју за Алсат тој кажа дека се започнати сите истраги и дека се вклучени сите институции кои се грижат за националната безбедност заедно со меѓународните […]

Европската комисија констатира „растечки закани од дезинформации“ во Северна Македонија

14 октомври 2022

Дезинформациите во македонскиот интернет простор се шират забрзано и ги има сè повеќе. Загриженост за ова прашање истакна и Европската комисија во најновиот Извештај за 2022 година за напредокот на С. Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во Извештајот се вели дека постојат „растечки закани […]

МО на Бугарија: Русија со хибридни напади против евроатлантската интеграција на Западен Балкан

14 јуни 2022

Русија врши хибридни дејствија против евроатлантската ориентација на Бугарија и саботирање на исполнувањето на националните ангажмани во НАТО и ЕУ, оценува бугарското Министерство за одбрана во извештајот за состојбата на одбраната во текот на минататата година, известува бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Во извештајот што бил разгледан во Владата и треба да влезе во парламентарна процедура, […]

Стратком: Македонија особено ранлива на хибридни закани и невоени и сајбер напади

31 август 2020

Македонија и Црна Гора се најотпорни во регионот на штетни влијанија во сферата на надворешната политика и безбедноста, покажуваат анализите на НАТО Центарот за извонредност во стратешките комуникации (Стратком). Но, и покрај добрата вкупна оценка, Македонија е оценета со „критично ранлива“ во подобласта на „национална отпорност“, односно во отпорноста на хибридни закани, а ризикот го […]

Страна 1 од 1