Лажни дојави за бомби како закана за изборниот процес во Бугарија, може да влијаат на одѕивот на гласачите

Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев вчера изјави дека има руска поврзаност со големиот број на дојави за поставени бомби во училиштата и универзитетите во Бугарија

-

Откако се стишија во Македонија, лажните дојави за бомби масовно се појавија во Бугарија, доведувајќи го под знак прашање нормалното одвивање на предвремените парламентарни избори што се закажани за недела, 2 април. Десетици училишта и универзитети во изминативе два дена во Бугарија добија дојави за бомби, кои по проверките се утврди дека се лажни.

Централната изборна комисија вчера вечер испрати писмо до министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, поставувајќи прашања за безбедноста, имајќи предвид дека најголемиот дел од изборните комисии во Бугарија работат токму во училишни згради, пишува Медиапул.бг.

Од изборната комисија ја прашуваат бугарската полиција како да постапуваат на денот на изборите во недела, во случај на дојава за поставена бомба.

Наспроти ваквото барање за појаснување на безбедносните процедури во услови на лажни дојави за време на гласањето, од бугарското МВР смируваат.

„Нема опасност од одржувањето на парламентарните избори на 2 април поради заканите со бомби во голем број училишта во државата, каде се сместени Секторските изборни комисии“, изјави главниот секретар на МВР Петар Тодоров цитиран од БГНЕС.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев вчера изјави дека има руска поврзаност со големиот број на дојави за поставени бомби во училиштата и универзитетите во Бугарија. Во изминативе два дена вакви закани добија образовни установи во Софија, Варна и Бургас, кои доведоа до прекин на часовите за екипи на полицијата да извршат проверка на просториите, пренесува Радио Слободна Европа на бугарски јазик.

Министерот Демерџиев изјави дека главната верзија на МВР во однос на заканите со бомби е дека станува збор за хибридни напади поврзани со Русија.

„Ова што ни се случува, во моментов им се случува на многу европски земји“, коментира министерот за внатрешни работи.

Демерџиев додаде дека изворите на хибридните напади се исти и дека нивните дејствија ја откриваат истата шема, поврзувајќи го она што се случува со неиспровоцираната воена инвазија на Русија врз Украина и последователните санкции на Западот против Москва. Бугарија е меѓу земјите кои Кремљ ги прогласи за непријателски, откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари минатата година.

Според министерот Демерџиев, протоколот за одговор на вакви големи закани, кој не е ажуриран од 2000 година, треба да се анализира и промени. Тој додаде дека во рок од неколку дена ќе се изготват измени на протоколот за постапување во услови на лажни дојави за поставени бомби.

На прашањето како ќе постапи Министерството за внатрешни работи доколку продолжат лажните дојави за бомби врз училишта за време на изборниот ден во недела, министерот изјави дека „изборниот процес ќе биде прекинат само доколку постои реална опасност од таква закана“.

Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова преку пост на Фејсбук ја отфрли изјавата на министерот Демерџиев, велејќи дека станува збор за „неосновани обвинувања“ кон нејзината земја за таквите информациски напади.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...