fbpx

Кулеба: На Алијансата за оружје за Украина се приклучија 59 компании од 23 земји

Од 24 февруари минатата година, кога Русија ја почна инвазијата на Украина, загинале 508 деца, а 1.136 се повредени

-

На Алијансата на одбранбената индустрија, формирана во рамките на Првиот форум на одбранбената индустрија што се одржа во Кијив, досега се приклучиле 59 компании од 23 земји, соопшти денеска украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.

Како што извести украинската државна новинска агенција Ukrinform.net, Алијансата заеднички ќе произведува оружје за Украина. Според Кулеба, Украина ја предвидела можноста да се дојде до исцрпување на залихите на нејзините партнери и затоа на почетокот на годинава ја почнала оваа иницијатива. Сега, со 59 компании, ризикот од исцрпување на залихите оружје е минимизиран.

Во меѓувреме, воените дејствија во Украина продолжуваат, а со тоа и страдањата на цивилите.

Од 24 февруари минатата година, кога Русија ја почна инвазијата на Украина, загинале 508 деца, а 1.136 се повредени, известува Ukrinform.net, пренесувајќи го соопштението на Главниот обвинител на Украина.

Најголем број повредени или загинати деца има во регионот Донецк – 492, потоа во Харкив – 303, 129 во Кијив, 128 во регионот Херсон, 99 во регионот Запорижја.

Во текот на ноќта, руските сили гранатирале болница во Берислав, во регионот Херсон, при што е оштетен терапевтскиот оддел, но за среќа нема настрадани. Во друго населено место во регионот, дрон предизвикал пожар во приватна куќа.

Артилериски напади се вршени и во регионот Донецк, при што го погодиле интернатот на Земјоделскиот факултет во Словјанск, но за среќа нема повредени ниту загинати.

Во поглед на украинските борбени дејствија, во регионот Донецк во последнава седмица, одбранбените сили уништиле дури три руски борбени авиони Су-25.

Руските загуби на војници од почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година, според Генералштабот на вооружените сили на Украина изнесува 289.430 војници и друг персонал, од кои 800 само во текот на изминатото деноноќие.

Покрај тоа уништени се 4.979 руски тенкови, 9.405 оклопни борбени возила, 6.936 артилериски системи, 814 повеќецевни ракетни лансери, 547 системи за противвоздушна одбрана, 318 авиони, 317 хеликоптери и 5.291 борбени дронови, 1.533 ракети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...