fbpx

Коцијанчич: Средбата во Виена е за спас на Договорот од Пржино

-

Лидерската средба во Виена нема цел да постави некој нов договор туку да обезбеди имплементирање на постојниот Договор од Пржино, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

– Целта на состанокот е да се дискутира за начините за решавање на кризата и да се обезбеди дека лидерите ќе продолжат со имплементација на Договорот од Пржино и со реформските приоритети, за да покажат волја да ја вратат земјата на евроатланскиот пат – истакна Коцијанчич.

Портпаролката рече дека веќе се испратени покани во име на комесарот Јоханес Хан и на тројцата европарламентарци, кои се посветени на ова прашање за средба со лидерите на македонските политичките партии, закажан за петок во Виена.

На прашањето зошто средбата е закажана во Виена, а не како досега во Брисел или Скопје, Коцијанчич кратко праша: „А зошто не Виена?“

Лидерската средба доаѓа по новата политичка криза, настаната откако претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука за сопирање на сите судски процеси против политичари и нивните соработници, како и по одлуката на ДИК да се распишат избори, без согласност од нејзиниот претседател Александар Чичаковски и од членовите од СДСМ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...