петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Маја Коцијанчич | 48 резултати

Македонија за ЕУ ќе биде ПЈРМ се додека целосно не се спроведе Договорот со Грција

јуни 18, 2018

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, прецизираше дека сѐ додека не е целосно имплементиран договорот постигнат помеѓу Грција и Македонија за спорот со името, Европската Унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име. – Договорот е постигнат, но остануваат одреден број чекори кои треба да се преземат за да биде комплетиран, за официјална […]

Коцијанчич: Важно е да се утврди одговорноста за 27 април и сите да се однесуваат одговорно

ноември 29, 2017

Важно е да се утврди одговорност за настаните во Собранието на 27 април и ги повикуваме сите партии да се однесуваат одговорно, вели во изјава за „Мета“ Маја Коцијанчич, портпаролка на ЕУ. Според неа, иако ЕУ не сака да коментира судски постапки или истраги, сепак очекува одговорно однесување од политичките партии. – ЕУ не сака […]

ЕК: Новите градоначалници имаат чист мандат, лидерите да се однесуваат одговорно

октомври 30, 2017

Локалните избори во Македонија им даваат чист мандат на новите градоначалници и советници за тоа како граѓаните сакаат да изгледаат локалните власти во нивните општини, оцени денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Според неа, акцентот сега треба да се стави на придвижување на реформската агенда насочена кон ЕУ преку инклузивен процес, во интерес на […]

Брисел: Владата да ги разгледа препораките на Венецијанската комисија за законот за јазиците

септември 14, 2017

Европската Унија е информирана дека Владата го усвои предлог-законот за употреба на јазиците и дека планира да го достави до Собранието, изјави за „Мета“ Маја Коцојанчич, портпаролка на Европската Унија. Коцијанчич, сепак, не одговори како Брисел го коментира ставањето европско знаменце, односно означувањето на законот како дел од европската легислатива. На прашање дали Европската Унија инсистира […]

Коцијанчич: Владата и опозицијата заедно да работат на реформите

септември 11, 2017

Европската Унија ги поддржува реформските напори во Република Македонија, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, додавајќи дека Брисел испратил јасна порака што очекува од Македонија на претстојните избори. – Јасно ставивме на знаење дека новата Влада и позицијата треба да ги остават поделбите настрана и да работат заедно на имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од […]

Коцијанчич: Итно да се избере спикерот на Собранието и да се стави крај на несигурноста

април 19, 2017

Европската комисија денеска повторно повика да се почитуваат резултатите од изборите и претседателот Ѓорге Иванов да ја ревидира својата одлука. – Како што ЕУ и претходно соопштуваше, резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, да се стави крај на сегашната несигурност и владата мора да се оформи без понатамошно одложување врз база на […]

Коцијанчич за Албанија: Политичката дебата треба да се случува во парламентот

април 10, 2017

Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската Комисија, денеска на прес-конференција рече дека Комисијата е разочарана од бојкотот на Собранието од страна на опозицијата во Албанија и додаде дека политичката дебата треба да се случува во Собранието, а не надвор од него. „Од наша перспектива, соработката помеѓу владата и опозицијата во Албанија се клучни за амбицијата на […]

Коцијанчич: Неизвесноста да заврши, влада мора да биде формирана без одложување

април 6, 2017

Резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, моменталната неизвесност да заврши и да се формира влада без понатамошни одложувања, изјавила портпаролката на Европската комисија (ЕК), Маја Коцијанчич, за „Радио Слободна Европа“. – Како што Европската Унија повеќепати истакна, вклучително и Европскиот парламент, резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, моменталната неизвесност да […]

ВМРО-ДПМНЕ: Фала ѝ на ЕУ за советот, но најдобро решение се избори, а не широка коалиција

февруари 1, 2017

Портпаролката Маја Коцијанчич нема одговор на прашањето врз основа на кој дел од Уставот, ЕУ го советува претседателот Иванов да определи нов лидер кому ќе го додели мандатот, бидејќи таков дел во Уставот нема, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич за „Мета“. Во партиското соопштение се додава дека […]

Коцијанчич за „Мета“: Ги поздравуваме напорите на Иванов за дијалог со партиите

февруари 1, 2017

Европската комисија денеска ги поздрави тековните напори на претседателот Ѓорге Иванов за средби со лидерите на политичките партии, кои се сметаат за клучни за одлуката кому ќе му се додели мандатот. – Ги поздравуваме тековните напори за разговори со сите политички партии – изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Таа потсети дека […]

ЕУ ги повика Белград и Приштина на воздржаност и на разумност

јануари 15, 2017

Високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и нејзиниот тим внимателно го следат развојот на односот помеѓу Белград и Приштина во последните неколку дена, а тоа ги вклучува и вчерашните случувања, велат од кабинетот на шефицата на дипломатијата на Европската Унија. – ЕУ е во постојан контакт со двете […]

ЕУ очекува „брзо формирање на широка владина коалиција“ и поддршка за СЈО

јануари 9, 2017

Брисел очекува брзо формирање на нова широка владина коалиција и целосно овозможување на сите услови за работа на СЈО, вели за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека нема да се согласи на продолжување на мандатот на СЈО. – Европската Унија се надева на брзо формирање […]

Брисел не ја коментира платформата на албанските партии

јануари 9, 2017

Европската комисија засега не ја коментира содржината на заедничката платформа на албанските партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците. На новинарско прашање како ја коментираат платформата, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, изјави дека Брисел внимателно го следи развојот на настаните во земјата. – Тоа што во моментов можам да го кажам е […]

Коцијанчич: Брисел е загрижен за негативната реторика и повикува на одговорно однесување

декември 19, 2016

Европската комисија денеска повика да не се врши притисок врз Државната изборна комисија и судството. – Комисијата ги регистрираше прелиминарните резултати и исходот од приговорите и сега ги чека одлуките од жалбениот процес. На релевантните државни власти, вклучувајќи ја Државната изборна комисија и судот, треба да им се овозможи да работат непречено, без притисок и […]

Коцијанчич: Одблиску ќе ги следиме изборите, тие се можност за нов почеток

декември 9, 2016

Европската Унија одблиски ќе ги следи изборите в недела, а првата реакција околу исходот ЕУ очекува да ја има в понеделник, на 12 декември, попладне, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.­ – Во однос на тоа што ќе се случи како следен чекор, ние, се разбира, одблиску ќе ги следиме изборите, како што правевме и […]

Коцијанчич: Поддршката и почитувањето на СЈО се обврска на сите институции

октомври 20, 2016

Европската Унија ги охрабрува сите институции во земјава да дејствуваат во рамките на обврските од Договорот од Пржино и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство без никакви опструкции, вели за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, во врска опструкциите што му се прават на СЈО во истрагата во Управата за безбедност и […]

Коцијанчич: Итно да се постигне договор за преостанатото прашање

јули 14, 2016

Брисел го поздрави напредокот што вчера беше постигнат на преговорите во резиденцијата на ЕУ во Пржино, но ги повика партиите итно да најдат одговор и за последното отворено прашање. – Го поздравуваме прогресот што партиите го направија за време на вчерашните разговори и ги охрабруваме итно да се договорат за преостанатото прашање, што може да се постигне […]

Брисел ги сопре финансиите за Коридорот 8

јули 6, 2016

Европската комисија одлучи да не го финансира Коридорот 8 поради проблемите и недостатоците во транспортниот сектор на Македонија, соопшти Маја Коцијанчич. – Проектот за транспортно поврзување, кое земјата го поднесе, Коридорот 8, ќе биде разгледан откако истакнатите проблеми во секторот, како што е секторот за стратегија и за координација, ќе бидат решени и ќе бидат […]

Коцијанчич: Обврските се неисполнети, ЕУ ја крати финансиската помош за Македонија

јули 2, 2016

Влошениот политички амбиент е една од причините зошто Владата и администрацијата не беа во можност или немаа волја да ги исполнат обврските за реформа или да ја покажат потребната подготвеност да ги планираат потребните реформи и да ги имплементираат фондовите на ЕУ, одговори портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, на прашањето на „Мета“ зошто Европската комисија скрати 27 […]

Коцијанчич за говорот на Иванов: Сите да се воздржат од мешање во работата на СЈО

јуни 23, 2016

Европската комисија денеска ги повика политичките лидери и другите државни институции да го почитуваат и да не се мешаат во работата на Специјалното јавно обвинителство. – Сите треба да се воздржат од мешање во работата на Специјалното јавно обвинителство, кое е задолжено за воспоставување на правната одговорност за тоа што беше обелоденето со прислушуваните разговори […]

Страна 1 од 3