Конференција на ОБСЕ: Слободата на медиумите е клучен сегмент на демократијата

Рибеиро на конференцијата рече дека слободата на медиумите е клучен сегмен на демократијата и е неопходна за слободно, безбедно и отворено општество

-

Кога новинарите се наоѓаат под притисок, порано или подоцна, демократијата исто така потпаѓа под притисок и обратно, порача Тереза Рибеиро, претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите на Конференцијата за медиуми во Југоисточна Европа, која  во организација на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, во соработка со Мисијата на Организацијата во Скопје се одржа денеска, а продолжува утре.

Рибеиро на конференцијата рече дека слободата на медиумите е клучен сегмент на демократијата и е неопходна за слободно, безбедно и отворено општество.

Безбедноста на новинарите е приоритет на ОБСЕ, рече Рибеиро, додавајќи дека е вистински предизвик да се зачува слободата на медиумите во моменти кога тие се борат со егзистенцијална криза од економски причини.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал смета дека ваквите предизвици ги има во целиот свет.

„Мислам дека е најсоодветно конференцијата да се одржи оваа година во Скопје, за време на претседателството на ОБСЕ во Северна Македонија, особено со оглед на важноста што претседавачот ја става на слободните медиуми и безбедноста на новинарите“, изјави Вал.

Тој додаде дека историјата на унапредувањето на слободните медиуми илустрира дека оваа работа никогаш не е вистински завршена, а конференцијата е потсетник дека слободата на медиумите никогаш не може да се смета за завршена работа.

Конференцијата на ОБСЕ што се одржува денеска и утре во Скопје има панел дискусии, округли маси и дебати, кои ги покриваат следниве теми: Безбедноста на новинарите: Механизми и алатки за заштита; Медиумската саморегулација и јавната доверба во дигиталната ера; Вештачката интелигенција и слободата на изразување; Иницијативи за медиумска и дигитална псименост; Транспаретноста на медиумската сопственост како есенцијална компонента на демократските медиуми; Говор на омраза – согледување на најдобрите практики во борбата против говорот на омраза; Медиумска одржливост – со специјален фокус, на медиумите на малцинствата, локалните медиуми и јавниот сервис.

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...