Испробајте го демото на Steam за една од најдобрите игри со градење градови

Демото на играта- кое е бесплатно, можете да го испробате на Steam и да ја „дегустирате” во секое време, а за времето на објавување на играта сè уште нема датум, но генерално е најавено дека годинава (2023) ќе има Early Access

Laysara:Summit Kingdom скриншот од трејлерот за играта од YouTube

Девелоперите Quite OK Games ја развиваат досега најинвентивната игра со изградба на градови наречена Laysara: Summit Kingdom.

За карактеризирање ваков тип на игри веќе имаме пишувано за Skyscrapers, поврзана со градење облакодери, во написите за игри без насилство. Оваа игра во развој исто така нема насилство, а потсетува на стратешките игри и типот на Age of Empires, само што нема војска и битки. Во игрите со градење градови најчесто главниот непријател се природните катастрофи, во случајов лавини, со оглед на тоа што се гради на планини и на угорнини. 

Во играта има три вредности што треба да ги имате и да ги одржувате: храна, просперитет и просветленост.

Играта е со концепт на источна духовност, но со многу забавни и релаксирачки механизми на градење и распределба на ресурси, со оглед на тоа што има нивоа на планината на која градите. Музиката во играта е релаксирачка, етно музика со пријатни женски гласови, па на извесен начин се добива и чувство на смиреност.  

Иако во играта има многу опции и повремено читање за да се научи, туторијалите се концизни и кратки и за разлика од другиот тип на вакви игри кога учите, нема само текст, туку и анимација во мало прозорче која ви објаснува основни работи -на пример како да поставите патишта и слично. 

Демото на играта- кое е бесплатно, можете да го испробате на Steam и да ја „дегустирате” во секое време, а за времето на објавување на играта сè уште нема датум, но генерално е најавено дека годинава (2023) ќе има Early Access.