fbpx

Камерон ќе им дозволи на министрите да водат кампања за излез од ЕУ

-

Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе им одобри на своите министри да водат кампања за излегување од Европска унија на претстојниот референдум, објави „Би-Би-Си“, не наведувајќи ги изворите.

Камерон бара нови преговори за нови услови за членството на Велика Британија во ЕУ, тврдејќи дека сака да останат во реформиран европски блок. Сепак, како што вели, не може ништо доколку не се постигне договор за клучните промени за членството во ЕУ.

Неколку министри од кабинетот на Камерон се особено критични кон ЕУ и постоеја шпекулации дека поради тоа ќе мора да поднесат оставка, ако сакаат да водат кампања за излез на Британија од ЕУ.

„Би-Би-Си“ објави дека Камерон ќе им дозволи на своите министри да водат кампања во кој било правец, откако ќе биде постигнат договор за односите на Британија со ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...