fbpx

Министерот за животна средина во посета на Општина Теарце

-

Третманот на отпадните води, водата за пиење и комуналниот смет беа темите за кои разговараа министерот за животна средина, Нурхан Изаири, и градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани.

– Разговарвме и за следните проекти во општина Теарце, што можеме ние како министерство и како Влада да помогнеме за нивна реализација – изјави министерот Изаири.

Од Општина Теарце истакнаа дека оваа година ја изградиле примарната секундарна мрежа во сите села.

– За наредната година ни е приоритет секундарната водоводна мрежа, како и почетокот на изградбата на канализација за прифат на отпадните води. Се надеваме дека и многу наскоро, откако временските услови ќе ни го овозможат, ќе почнеме да ги изведуваме овие градежни зафати за кои очекуваме помош од централната власт – изјави градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани.

Министерот Изаири се осврна и на загадувањето на амбиенталниот воздух. Тој истакна дека обврска на Државниот инспекторат за животна средина е да врши постојани секојдневни контроли на капацитетите со интегрирани дозволи А, додека Општината треба еднаш неделно да ги контролира капацитетите со интегрирана дозвола Б.

Тој додаде дека министерството има план годинава да ги острани сите диви депонии во Полошко, а претоварните станици за комунален отпад да работат во согласност со сите законски прописи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...