fbpx

Груби: Седницата за законот за јазиците не ја одложив поради изјавата на Хан

-

Претседателот на Комисијата за европски прашања, пратеникот Артан Груби, ја одложил утрешната комисиска седница за законот за јазиците за да не се дефокусира јавноста од итните прашања.

– Проценив дека неделава е многу значајна за други реформски прашања и дадов предност на тоа за да не овозможам дефокусирање на јавноста од тоа што во моментов е најзначајно и итно – вели Груби.

Тој истакнува вели дека одложувањето не е поврзано со вчерашната изјава на еврокомесарот Јоханес Хан дека владата треба да се фокусира на приоритетните реформи за кои ќе биде оценувана и дека законот за јазиците не е во Договорот од Пржино, ниту, пак, е нешто кое Брисел го бара.

Пратениците минатата недела со 66 гласа „за“ и со 41 глас „против“, дадоа виза предлог-законот за употреба на јазиците да оди на второ читање, а за него досега се поднесени 90 амандмани, од кои 84 од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ и два од Беса. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска, еден ден по изјавата на Хан, побара да се тргне европското знаменце од законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...