fbpx

Грција направи тест-летови, а не летови за заштита на македонското небо

-

Во големиот број вести објавени вчера, па и денеска, во бугарските медиуми за вчерашните тест-летови на грчки воени авиони – ловци на небото над Македонија, заради испитување на комуникациите и радарското покривање, речиси сите без еден ги пренесоа коректно фактите и во насловите и во текстовите.Сите напоменуваа дека станува збор за подготовки за заштита на небото над Македонија како идна полноправна членка на НАТО.

Исклучок, со суштинска грешка во насловот, имаше кај „Медиапул“, кој е еден од посериозните онлајн-медиуми во Бугарија. За жал, иако во текстот коректно ги изнесоа фактите според новинарските стандарди, со насловот „Грција ја почна заштитата на воздушниот простор над Северна Македонија“ креираа дезинформација – дека НАТО веќе почнал со летови заради заштита, што е неточно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...